Факти нема, коментари безброј
Објавено во Рецензии
on 9 - 01 - 2016 Автор: Fatlume DervishiОригинален напис: „Селмани не кажува кој бил „јакиот“ кој ги наполнил гласачките кутии за тој да победи“
Скопје, 16 декември – Поранешниот Вицепремиер Имер Селмани во своето интервју за Телевизија Шења вели дека фалсификувањето на изборите е скоро невозможно.
Тој признава дека од 2000-та година па навака, гласањето во албанските општини се врши во семејна форма, каде едно лице, „јакиот“ на маалото, може да собере и до 200 гласови за една политичка партија. Селмани со оваа изјава не сака да прецизира дали зборува за себеси, кога од 2000-та година со помош на одредени групи кои го заплашуваа народот од Дрвенскиот регион, тој убедливо победуваше на избори.
„Фалсификувањето и манипулирањето на изборите во Македонија еволуираше многу брзо. Ако во 2000 година имавме семејно гласање, или едно лице гласаше за едно маало, едноставно после неколку години тоа беше полнењето на кутиите, и тоа беше многу актуелно.
Ќе одеше „јакиот“ на едно село, и ставаше 100-200 гласачки ливчиња. Во последните неколку изборни циклуси фалсификувањето за манипулација на изборите се усоврши, со тоа што ги тераа луѓето против нивна волја да гласаат за една политичка партија за која тие не гласале потполно убедени, доброволно.
Но, така се средија околностите, притисоците, злоупотребите, уценувањата и заканите што луѓето мораа да излезат и да гласаат. Ова е многу перфиден начин и многу тешко е да се докаже дека некој гласал против неговата волја.
Затоа луѓето треба да добијат целосна слобода дека на овие избори ќе можат да гласаат според нивното убедување и волја, за тој што им лежи на срце. Едноставно да одат и да гласаат без страв и нема да имаат последици веднаш по изборите. Мислам дека оваа политичка гарнитура успеа да ги задржи за себе граѓаните со страв, а не со слободна волја, тоа е една голема вештина, и е надвор од демократскиот правилник и не е демократија.
„И на ова ќе му дојде крајот. Сите сакаме на ова лошо да му дојде крајот на изборите кои ќе се одржат следната година“, потенцирал меѓу друго поранешниот вицепремиер, Имер Селмани во емисијата „Новиот пат”, додавајќи дека балканскиот регион дефинитивно треба да се декриминализира.
„Мислам дека е многу тешко да се разоткрие сиот овој криминал за кој се сомневаме, тоа е една голема работа која треба да се врши од страна на специјалната обвинителка. Но, има надеж бидејќи како што се декриминализира целиот регион, почнувајќи од Романија, Албанија и Косово преку Специјалниот Суд каде што ќе започне фазата на декриминализација, и Македонија преку Специјалниот Суд ќе треба да се декриминализира.
Ние сме дел од Европа, сакаме да ги имаме eвропските стандарди и Европа не нé прима во нејзиното семејство ако сме криминализирани, тој криминал го правиме ние сами и станува дел од институциите,“ изјавил Селмани.
Инаку, во времето кога одредените групи во Општина Сарај почнаа да немаат влијание на терен и да не можат да предизвикуваат инциденти, поранешниот вицепремиер, Имер Селмани не само што не успеа да стане градоначалник, туку неговата партија НД претрпе едно невидено фијаско, не освојувајќи ниту едно пратеничко место во собранието.
Во отсуство на „јаките на маалото”, како што ги нарекува Селмани, поранешниот вицепремиер од ДПА претрпе длабока загуба и во неговиот роден крај во скопското село Шишево.
[Рецензија: „Селмани не кажува кој бил „јакиот“ кој ги наполнил гласачките кутии за тој да победи”]
Сосема е природно новинарите да имаат свои политички убедувања. Но, кога се пишува една вест, новинарот треба да се потруди целосно да се ослободи од своите предрасуди, за неговиот субјективизам да не биде дел од таа вест. Оваа вест спаѓа во категоријата вести што почнуваат убаво, се почитува правилото на превртена пирамида, но поради желбата на авторот да ја искаже својата замисла, целиот текст го губи својот објективизам.
Линк до оригиналниот напис: „Селмани не кажува кој бил „јакиот“ кој ги наполнил гласачките кутии за тој да победи”
Датум и време на објавување: 16.12.2015, 12:42
Датум на рецензирање: 28.12.2015
Рецензент: Фатлуме Дервиши
Протагонист на веста на авторот, е „поранешниот вицепремиер Имер Селмани, кој во една емисија на Телевизијата ШЕЊА, вели дека фалсификувањето на изборите во Македонија е речиси невозможно“. Преку оваа реченица, читателот мисли дека го добил главниот дел на информацијата што го нуди текстот, но греши. Од „фалсификувањето на изборите е невозможно“ авторот преминува на „во неколкуте последни изборни циклуси се усоврши фалсификувањето за манипулација на изборите… Но, така се средија околностите, притисоците, злоупотребите, уценувањата и заканите што луѓето мораа да излезат и да гласаат“. Овие се две спротивни работи.
Читателот не разбра што сакал да каже Имер Селмани: е или не е возможна манипулација на изборите. Неговиот цитат, изваден од интервјуто во емисијата „Новиот пат“ на ТВ „Шења“, вели дека е можна манипулацијата на изборите, но толкувањето од новинарот во воведот кажува дека такво нешто е невозможно.
Освен различното претставување на фактите, текстот е преполн со коментари и со толкувања. Индивидуалните убедувања на новинарот за подемите и за падовите (победите и загубите) на Имер Селмани во политика ги наоѓаме во воведниот и во завршниот дел на текстот, но без факти и докази.
Еве што пишува во воведот:
„Тој признава дека од 2000-та година па навака, гласањето во албанските општини се врши во семејна форма, каде едно лице „јакиот„ на маалото може да собере и до 200 гласови за една политичка партија. Селмани со оваа изјава не сака да прецизира дали зборува за себеси, кога од 2000-та година со помош на одредени групи кои го заплашуваа народот од Дрвенскиот регион, Селмани убедливо победуваше на избори.“
Во текстот има и обвинувања, кои не се потврдуваат, но исто така, јасно е дека текстот е тенденциозен кон Имер Селмани.
Кога авторот вели дека „Селмани не сака да прецизира…“ претпоставуваме дека тој го прашал соговорникот за конкретното прашање и тој одбил да одговори. Такво нешто не се случило. Оваа констатација новинарот ја извадил од неговото интервју дадено за споменатата телевизија.
И каде се неотуѓивите факти што го навеле новинарот да дојде до заклучокот дека одредени групи („јаките на маалото“) ги натерале да гласаат за Селмани и тој убедливо да победи? Факти нема, коментари колку сакаш. Освен ова, не е консултиран ниеден извор.
Според новинарот, Селмани, или како што го нарекува тој вицепремиерот од ДПА, претрпел загуби на избори поради отсуство на „јаките на маалото“.
„Во отсуство на „јаките на маалото“, како што вели Селмани, бившиот вицепремиер од ДПА претрпе длабока загуба и во неговиот роден крај во скопското село Шишево.“
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови