verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Агенциска вест упропастена со коментари

on 11 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

ВМРО-ДПМНЕ_ Ако нема избори на 24 април, Договорот од _ - http___republika.mk_ 11

[Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ: Ако нема избори на 24 април, Договорот од Пржино нема да важи]

Пример за тоа како може да се преземе една вест и потоа да се урниса со неквалитетни „надградени“ состојки. Убава информација од кредибилен извор добива поинаков тек зашто некој проценил, ама, за жал, погрешно, дека има потреба од коментаторски формулации како „бегање од избори“, „партија која не сака да се појави на избори“, „паника“, „катастрофа“ итн. Ова малку наликува на примерите од автомобилската индустрија во минатото – кога некоја источноноевропска држава ќе преземеше од Западна Европа мотор за свој модел на возило и потоа ќе го „дополнеше“ со т.н. технички новитети, кои не само што не ги подобруваа неговите перформанси, туку и ги расипуваа.

 111Линк до оригиналниот напис: ВМРО-ДПМНЕ: Ако нема избори на 24 април, Договорот од Пржино нема да важи

 Датум и време на објавување: 05.01.2016   18:18

 Датум на рецензирање: 08.01.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

СИЛНА СУГЕСТИВНА НОТА

Станува збор за политичка вест на денот, владејачката партија излегува со став дека Договорот од Пржино не важи ако некој се осмели да ги помести изборите од 24 април. Коректно е наведено дека изјавата на шефот на Центарот за комуникации е дадена за друг медиум, тој фино е цитиран, пренесен е и ставот на опозицијата, даден за истата агенција за која зборувал и претставникот на власта, ама…

Зошто речиси секогаш мора да има „ама“?! Ама, во просторот, еве така да го наречеме, меѓу изјавите на Котевски и на Шекеринска напикани се „авторски“ интеревенции, кои не се ништо друго туку коментаторски елементи со силна сугестивна нота, кои на читателите им го наметнуваат сопственото видување на актуелната политичка ситуација. Употребениот израз е агресивен, ептен забележлив, и не ѝ остава многу шанса на публиката сама, врз основа на презентираните изјави, да донесе свој суд, заклучок што вели едната, што другата страна и каде е вистината. Напротив, тука априори предност им се дава на ставовите на владејачката партија:

„Од СДСМ остануваат на политиката на бегање од граѓаните. Опозициската партија исто како и на сите 4 последни избори најавува дека нема да се појави пред граѓаните бидејќи според нив, не биле испочитувани сите обврски.

СДСМ е единствената партија во светот која иако е во опзиција не сака да се појави на избори.

Додека СДСМ бега од граѓаните, во албанскиот политички блок има консензус дека избори во април мора да има.“

„ДИВО МЕСО“

Еве по илјадити пат да повториме, Кодексот на новинарите вели:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот (член 13)

А не, како овде, со инка да им се сипуваат ставови на читателите, манипулирајќи дека станува збор за обична вест.

Од професионална гледна точка, апсолутно немало потреба од таквиот пристап. Од политичка перспектива, тој е оправдан, ама да бил пласиран во партиско соопштение, а не во новинарски текст наменет за широк круг на граѓани, кои не сите се членови на владејачката партија.

Претходно констатираното укажува на висока пристрасност. Поточно, коректен е само делот што е преземен од агенциската вест, а сето друго е „диво месо“, никнато од нигде никаде.

Пример за тоа се споменатите експерти! Ако веќе се нотира некаво си нивно мислење, би било во ред тие да се именуваат или барем да се линкуваат нивни изјави дадени порано или за друг медиум. А не вака, да се „пука“ со куршуми-ќорци т.н. анонимни експерти.

Не знам зошто нема понудено соодветни аргументи, дали опозицијата, како што се вели, бега од избори, ама ми се чини дека текстов јасно бега од професионалното новинарство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести