Каква врска има ФБ-статусот за Белизе со граѓаните?
Објавено во Рецензии
on 11 - 01 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев[Рецензија: ФОТО: Портпаролот на Заев, Шилегов, со потсмев за бадниковата вечер]
Овој текст е напишан со единствена цел да се оцрни портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Притоа, се користи негов фејсбук-статус и од него се извлекува теза дека Шилегов за Бадник им се потсмевал на граѓаните, што е неточно.
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Портпаролот на Заев, Шилегов, со потсмев за бадниковата вечер
Датум и време на објавување: 6.12. 2016, 20:27
Датум на рецензирање: 08.01.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
РАВЕНСТВО МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И ГРАЃАНИТЕ
Написот се потпира само на објавата на Шилегов на „Фејсбук“ и од неа се прави конструкција во која тој се претставува во негативно светло.
„Гласноговорникот на Зоран Заев и на Бадник покажа целосно непочитување кон граѓаните кои вечерва се собрани со семејствата на бадникова вечер.
Шилегов со потсмев за бадниковата вечер, преку својот Фејсбук профил покажа целосно непочитување до сите Христијани.“
Но, каква врска со граѓани има споменатиот статус на Шилегов:„Се крши лепчето… Во Белизе.“? Никаква! Да, статусот е потсмешлив, меѓутоа пораката не се однесува на македонските граѓани, а уште помалку може да се каже дека е упатена до „сите христијани“!
Објавата на Шилегов е адресирана на друго место – на адресата на владејачката партија. Поточно, до одредени функционери на ВМРО-ДПМНЕ . И не може да се генерализира дека се однесува на сите христијани! Шилегов е политичар и нема ништо страшно, а уште помалку може да се смета за грев ако се пошегувал со своите политички противници.
Од друга страна, пак, само од фејбук-статус не бива текст. Тоа не е новинарство.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови