verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пувка од новинарски текст

on 11 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Спасовски наредил Чауш да ги тргне зае_ - http___kurir.mk_makedonija_politik 11

[Рецензија: Спасовски наредил Чауш да ги тргне заедничките фотографии]

 

Го прочитав по четврти пат текстот што е предмет на оваа рецензија за да бидам сигурен дека нема да се огрешам, кога тврдам дека тезата и твдрењето во насловот со ништо не се потврдени во ниту еден елемент од содржината на текстот.

Тоа го прави овој текст крајно дилетантски, тенденциозен, политички пристрасен и професионално неиздржан.

01112016-Kurir-CausЛинк до оригиналниот напис: Спасовски наредил Чауш да ги тргне заедничките фотографии

Датум и време на објавување: 11.01.2016, 10:16

Датум на рецензирање: 11.01.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ДИЛЕТАНТСКИ НАПИС

Еве ги сега аргументите за да ги потврдат оцените од почетокот на рецензијата.

Нема никаква индиција дека Спасовски наредил да бидат тргнати заедничките фотографии со министерот за внатрешни работи. Фејсбук-профилот навистина го нема, но нема ништо како резултат на новинарска истражувачка работа која ќе го потврди кажаното од насловот. Ниту најмала индиција. Сѐ завшрило во насловот и тоа ја прави оваа медиумска содржина – пувка. Во електронскиот речник на македонскиот јазик, зборот „пувка“ се објаснува со следниот израз: „Тој мене ќе ми продава пувки – мисли дека ќе ме лаже.“

Оттука натаму пувката од „новинарски“ текст ги заддржува истите карактеристики и во другите свои сегменти.

Меѓу другото, од што немало како да се поддржи насловот, се забегало во изведување заклучоци кои немаат врска со насловот. Како, на пример, зачуденост од каде му е мобилен телефон на човекот околу кого ја плетат приказната кога тој е во затвор, а таму мобилни не се дозволени.

Тоа го прави текстот дилетанстки. А го употребуваме зборот дилетанстки, наместо аматерски, зашто тој збор во споменатиот речник опфаќа површност и нестручност, додека, пак, зборот аматерски опишува активност од љубов, иако е нестручна. Затоа овој текст, сепак, е дилетантски.

Дилетантски е зашто се изведуваат заклучоци врз основа на листата пријатели на осомничениот, што е сосема тенденциозно и тоа среде судска истрага. Тоа само го дополнува впечатокот дека овој „новинарски“ текст е политички пристрасен, професионално етички крајно неиздржан и е во спротивност со повеќе членови од Кодексот на новинарите.

Написот не е поткрепен со ништо за да се докаже вистинитоста. Нема втора страна, нема јавен интерес, полн е со коментари и употребува спин-техника, ја крши приватноста на многу личности кои се прикажани на скриншотовите, не ја почитува презумцијата на невиност… И, со сето тоа го наршува угледот на професијата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести