verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Непотврдени информации како стопроцентна вистина

on 12 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Истрагата за Фабриката за афери на СДСМ добива меѓунар_ - http___republika.mk_ 11

[Рецензија: Истрагата за Фабриката за афери на СДСМ добива меѓународни димензии]

 

Текстот што е пред нас има сензационалистички наслов и во јавноста пласира непроверена информација. Написот содржи тенденциозни напади, не ја почитува презумцијата на невиност и само врз база на претпоставки како виновни посочува конкретни личности наведувајќи ги со име и со презиме. Инаку, текстот се повикува на друг портал и тоа е коректно наведено, но не е ставен линкот до медиумот.

causЛинк до оригиналниот наслов: Истрагата за Фабриката за афери на СДСМ добива меѓународни димензии

Датум и време на објавување: 09.01.2016, 14:10

Датум на рецензија: 11.01.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

СО ЛЕСНОТИЈА ИСКАЖАНИ ОБВИНУВАЊА

Написот е целосно преземен од  друга веб-страница (вклучувајќи ги и насловот и фотографијата) и е пласиран без никаква доработка. Оригиналниот текст, пак, нема поконкретно прецизиран извор. Употребена е воопштена формулација „извори од истрагата“. А извори на истрагата можат да бидат од полицајците кои биле присутни при претресот кај обвинетиот до обвинителот што го води случајот.

Во таа смисла, материјалот што го рецензираме нема додадена вредност. Односно, преземената тема воопшто не е дополнета со нови моменти. Информацијата се пласира без да се провери и да се побара став од засегнатата страна. Тоа говори за (не)објективноста на текстот.

Еден коректен пристап подразбира дека ваква проверка морала да се направи, дотолку повеќе што се изнесуваат сериозни обвинувања:

„Зекир Бекири, инаку член на опозициската СДСМ, бил дел од меѓународна мрежа на криминал. Според податоците, најверојатно преку криминалната мрежа тој финансирал дел од активностите за партијата.

Фабриката за афери на СДСМ е еден од најголемите скандали во македонската историја, особено ако се има предвид дека во него е вмешан лидерот на опозициската СДСМ.“

Текстот со леснотија обвинува и не нуди докази што потврдуваат поврзаност на СДСМ со „Фабриката за афери“ ниту, пак, посочува аргументи за тоа дека Бекири, наводно, финасирал дел од партиските активности. Нејасно е и на кои активности конкретно се мисли и како лидерот на СДСМ е вмешан во скандалот? Има истрага за него? Обвинет е? Или, авторот, можеби, знае нешто повеќе од јавноста?

Правилата во новинарството налагаат информациите пред да се објават да се проверат од колку што е можно повеќе извори. Во конкретниот случај, на читателите им се нуди непотврдена информација како стопроцентна вистина.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести