verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Некоректен и етикетирачки текст

on 12 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Фабриката на СДСМ со исти фалс произво_ - http___kurir.mk_makedonija_politik 11

[Рецензија: Фабриката на СДСМ со исти фалс производи]

 

Слаб материјал што се обидува новинарскиот порив „нешто да се дознае“, да го претстави како некакво опозициско фабрикување вести. Истовремено, некоректно се прави знак на равенство меѓу одредени медиуми и СДСМ. Нема аргументи, нема вистински извори за темата што се наметнува, нема соговорници, ама затоа има етикетирање и шпекулирање. И тоа премногу.

 1111Линк до оригиналниот напис: Фабриката на СДСМ со исти фалс производи

 Датум и време на објавување: 10.01.2016 10:42

Датум на рецензирање: 11.01.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

АКО НЕ МИСЛИШ КАКО ВЛАСТА, ТОГАШ СИ СО ОПОЗИЦИЈАТА!

Реално, посетата на премиерот на САД и престојот на еврокомесарот за проширување во Скопје доаѓаат во чувствителен период – политичката криза во земјата е далеку од решение, не се завршени сите обврски, дел од нив клучни, од Договорот од Пржино. Се доцни со прочистувањето на избирачкиот список, прашањето за медиумите не е затворено – елементи од кои, меѓу другото, зависи дали во април ќе има избори и дали тие ќе ги задоволат демократските стандарди.

Значи, ситуацијата е сложена и во таа комплексна равенка „влетуваат“ средбите во Вашингтон и мисијата на Хан. Тоа, преточено во новинарски жаргон, е набиена меѓународна седмица, која отвора можност за сериозни и остри разговори на влијателните странски со домашните политичари. Оттука, не е чудно или неразбирливо да се најавува дека ќе паднат значајни пораки. Не е за верување ни тоа дека премиерот е во Вашингтон само за тамошниот врв да му се заблагодари за учеството на Македонија во коалицијата против тероризмот или за да се потврди, за жал, веќе потрошената фраза за „поддршката на САД за евроатлантските аспирации“.

Значи, има оправданост да се размислува за можниот тек на тие разговори и тоа по дефиниција не значи дека конкретните медиуми што така мислат се опозициски, зашто апослутно нема оправдување за принципот „ако не мислиш како власта, тогаш си со опозицијата“. Недозволив е пристапот на изедначување на одредени медиуми и на опозицијата преку нерагументирани формулации:

„Опозициските медиуми, исто како и во 2011 година, и сега се обидуваат посетата на премиерот Никола Груевски во САД да ја прикажат како негативна, односно дека претседателот на македонската влада е под притисок на меѓународниот фактор.

Ваквите фалс медиумски објави излезени од фабриката на СДСМ, ниту во 2011 кога користеа исти аршини како и денес…“

Ајде малку фактографија. Прво, Груевски во проблематичен период во 2011 година, сличен како актуелниот, беше повикан во Вашингтон. Второ, на тие средби беа упатени силни критики. Трето, неколку години потоа високи американски дипломати ја заобиколуваа Македонија во своите посети на регионот.

„Потпретседателот ја потенцираше важноста која САД му ја придаваат на владеењето на правото, слободата на независните медиуми и на добрите меѓуетнички односи“, се вели во соопштението од кабинетот на потпретседателот Џо Бајден од 2011 година, издадено по средбата со македонскиот премиер.

Понатаму, „не држат вода“ пишувањата:

„Посетата на премиерот Груевски во САД и најавената средба со потпретседателот Џо Бајден е своевиден демант на низата обвинувања периодов од СДСМ дека Владата била изолирана и дека Ангела Меркел, Бајден, Џон Кери, Владимир Путин ја заобиколувале Македонија…“

Овие државници, всушност, не ја посетија Македонија додека беа во регионот, што може да се смета за дипломатска порака, ама негативна.

Сè на сè, овој текст е само повторување на веќе виденото. Без вистински аргументи или извори, врши етикетирање, бележење на дел од медиумите како опозициски. Притоа, се обидува да ја промени визурата на политичката ситуација и да го симплифицира ангажманот на меѓународната заедница во нејзиното надминување.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести