verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Трпезата за Бадник, одредница за личната среќа!

on 9 - 01 - 2016       

Што треба да има на бадниковата трпеза_ - http___kurir.mk_magazin_zanimlivos 11

[Рецензија: Што треба да има на бадниковата трпеза за да имате среќа годинава?]

Насловот на текстот се обидува да го поврзе тоа што се наоѓа на трпезата на еден верски празник со среќата на луѓето во текот на годината. Интенцијата на овој напис, всушност, не е ништо друго освен привлекување повеќе читатели и кликнувања.

Што треба да има на бадниковата трпеза_ - http___kurir.mk_magazin_zanimlivosЛинк до оригиналниот наслов: Што треба да има на бадниковата трпеза за да имате среќа годинава?

Датум и време на објавување: 5.1.2016

Датум на рецензија: 8.1.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ПТИЦИТЕ НЕ ПЕАТ ЗА БАДНИК!

Не постојат научни докази, а не е ниту слушнато, ниту видено дека за Бадник престануваат да се одвиваат голем број природни појави поврзани со животинскиот свет, како што се наведува на почетокот од текстот. Не е докажано дека верски празник може да има какво било влијание врз законите на природата.

„Велат дека на овој ден птиците престануваат да пеат, лисјата на дрвјата престануваат да треперат, а водите во реките престануваат да течат.“

Во однос на храната што треба да се најде на трпезата наведен е непарен број артикли, иако не постои ниту еден извор според кој токму толку храна треба да биде послужена за Бадник.

 

ПОСНА ХРАНА ЗА ПЛОДНОСТ!

Се сугерира и храна која, наводно, носи среќа, здравје и плодност. Освен храна за која е докажано дека благотворно дејствува врз здравјето на човекот, не постојат медицински докази за храна што носи среќа и плодност. Среќата е релативна и индивидуална работа, а годината во животот на еден човек е исполнета со секакви моменти, кои најмалку можат да се поврзат со трпезата на Бадник.

„Според традицијата на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења. Неопходно е да се стави храна што ќе ви донесе среќа, здравје и плодност. Јадењата потребно е да се со непарен број – 7, 9, 11 – колку повеќе се – толку подарежлива ќе е новата година во домот.“

Понатаму текстот  наведува каква храна треба да се најде на трпезата, на која централно место треба да има и лепчето со паричка.

„Лебче со паричка – Лебчето замесено со сода или квасец, зазема централно место на трпезата на Бадник. Во него се става паричка. Се украсува со фигури како житни класови, плуг, крст и др.“

Иако во некои краеви во Македонија лепче со паричка се прави за Бадник, а во некои за Свети Василиј, според Македонска православна црква, правилно е лепчето со паричка да се приготви за Св.Василиј или за Црковна нова година. Ставањето паричка во лебот за Бадник, според МПЦ, е српски обичај.

Посната храна, пак, која се сугерира за бадниковата вечер, има помалку врска со самиот Бадник (6 јануари), отколку со Божиќ (7 јануари), на кој му претходат пости. Оттука, трпезата за оваа вечер не треба да се третира како нешто специјално, туку во контекст на целиот период кој му претходи на денот на раѓањето на Исус Христос.

Во целиот напис храната се поврзува со одредени суеверија што владеат меѓу народот, но не се во сферата на научно докажаното. Уште помалку храната може да се поврзе со индивидуалната среќа, зло или меѓусебните човечки односи, како што пишува во овој текст.

Целта на еден новинарски текст е правилно информирање, па и кога станува збор за верски празник. Но тоа, за жал, не е случај со материјалот што го рецензираме.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести