verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Спинерски текст

on 15 - 01 - 2016       

Несериозен настап на Заев_ Се пожали д_ - http___kurir.mk_makedonija_politik 11

[Рецензија:Несериозен настап на Заев: Се пожали дека Груевски многу го имало на телевизија]

 

Ова е еден наменски скроен, манипулативен текст кој ја спинува вистината. Тенденциозноста е видлива уште со изборот на насловната конструкција: „Несериозен настап на Заев: Се пожали дека Груевски многу го имало на телевизија“

Несериозен настап на Заев Се пожали дека Груевски многу го имало на телевизија Kurir.mkЛинкуван наслов на анализираниот напис: Несериозен настап на Заев: Се пожали дека Груевски многу го имало на телевизија

Датум и време на објавување: 12.01.2016

Датум на рецензирање: 15.01.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

НАМЕНСКА КОНСТРУКЦИЈА

Написот пренесува информација дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, бил гостин во вестите на телевизија „Канал 5“. И, наместо професионално да се извести што кажал Заев во интервјуто, се плука по него.

„За сериозни теми одговараше несериозно и имаше блед телевизиски настап.“

Тука имаме констатација без факти. Имено, не е наведено кои се тие сериозни теми за кои зборувал Заев и какви биле неговите одговори. Задача на новинарот е да известува, а јавноста потоа сама ќе даде оцена каков бил настапот на Заев. Вака напишаниот текстот, има цел да го убедува читателот и да манипулира со него.

„Говорејќи за медиумите, Заев само уште еднаш докажа дека тој не се залага за слобода на медиуми, туку бара лично да се вмеша во уредувачката политика на медиумите. Така, тој во интервјуто изјави дека му било криво што премиерот Груевски многу го имало на телевизија.“

Имаме демонстрација на непрофесионалност. Написот суди, наместо да информира. Текстот наменски го толкува одговорот на Заев како обид на првиот социјалдемократ да се меша во уредувачката политика на медиумите.

„Говорејќи за договорот од Пржино, Заев истакна дека имал доверба во Катица Јанева. Специјалната јавна обвинителка со сите свои превземени чекори досега покажа дека работи како продолжена рака на СДСМ, па изјавата на Заев дека и верува беше помалку и смешна.“

Договорот од Пржино не е само Катица Јанева. Но, таа намерно е нагласена за да се направи спин дека специјалната обвинителка работи по директива на опозицијата. Не се наведени конкретни факти, кои чекори на Јанева покажале дека таа работи како продолжена рака на СДСМ. Катица Јанева беше предложена  со согласност на лидерите на четирите најголеми партии и беше едногласно избрана во Собранието од сите пратеници. Според тоа, непрофесионално е да ѝ се лепат етикети дека е нечија „продолжена рака“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести