Непримерна комуникација со јавноста
Објавено во Рецензии
on 15 - 01 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија:Рецензија: ОБСЕ реши: Избори на 24 април!]
Кого има пред себе медиумот кога пишува и објавува новинарски содржини: публиката и јавниот интерес или своите финансиски и политички ментори?
Ако се овие вторите, тогаш може да се очекуваат вакви „проблесоци“ кои се резултат на инсуфициенцијата, односно, недостигот од култура за јавна комуникација. Зашто да ѝ се обратите на публиката со извикот „Ало, комуњари“, не значи ништо друго освен медиумска некултура.
Линк до оригиналниот напис: ОБСЕ реши: Избори на 24 април!
Датум и време на објавување: 13.01.2016 – 16:22
Датум на рецензирање: 15.01.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
(НЕ)КУЛТУРА НА ГОВОРОТ
Неопходната потреба медиумите да ја негуваат културата на говорот и примерната комуникација со јавноста е опфатена и со Кодексот на новинарите во членот 15:
Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.
Понатаму, оваа медиумска содржина не ја крие својата пристрасност препорачана во членот 14 од Кодексот:
Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Освен тоа, начинот на кој е напишан овој текст е прилично атакувачки, а тоа, исто така, е непримерно за оваа професија, според членот 16 од кодексот:
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.
И како последно, но не најмалку важно, и ова е уште една журналистичка содржина која не прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
Делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, неофицијални
релевантни, нерелевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови