Теми за разговор и прашања, не е исто
Објавено во Рецензии
on 17 - 01 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: Шилегов не знае дека Заев две недели ги имаше прашањата за интервјуто на Канал 5?!]
Прилогот го рецензираме по предлог на наш читател кој со право констатира дека „ Има разлика помеѓу теми за разговор и прашања што се знаат однапред.“
Линк до оригиналниот напис: Шилегов не знае дека Заев две недели ги имаше прашањата за интервјуто на Канал 5?!
Датум и време на објавување: 14.01.2016
Датум на рецензирање: 15.01.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
ШИЛЕГОВ ИЛИ ПРИЛОГОТ Е ДАЛЕКУ ОД ВИСТИНАТА?
Уште во насловот, со значителна доза иронија се поставува прашањето како портпаролот на СДСМ не знаел дека неговиот лидер ги имал две недели претходно прашањата за интервјуто на „Канал 5“. Веднаш потоа во прилогот се оценува дека изјавата на Шилегов е „далеку од вистинита“ и дека „Заев бил на интервју со ненарачани прашања“.
Но, кој, всушност, е далеку од вистината? Ако внимателно се погледне прилогот, ќе се види дека токму овој материјал е далеку од вистината.
Имено, во него се тврди:
„Прашањата му беа испратени на господинот Зоран Заев уште кон крајот на минатата година, а во меѓувреме ниедно од прашањата не беше ниту сменето, ниту дополнето.“
На гледачите им се презентира и принтскрин од поканата испратена до претседателот на СДСМ на 26 декември 2015 година. Меѓутоа, во неа се наведени темите за кои ќе се разговара, а не прашањата.
А теми за разговор и прашања, сепак, не се исто. И тоа е позната работа во новинарството, само овој прилог по секоја цена сака да го нападне Шилегов и затоа става знак на равенство.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
несензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови