verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Партиско четиво, маскирано во вест

on 18 - 01 - 2016       

222 11

[Рецензија: СДСМ играше оро и во 2011, па беше „прегазена“ (Видео)]

Особено плитко четиво, кое наликува на љубоморна игра својствена за малите деца: „Радувај се, радувај, ама да видиш што ќе ти се случи“! Апсолутно, нема ништо новинарско во оваа „видеосторија“.

Новината, која во конкретниот случај,  и не е некаква вистинска вест, ја губи својата актуелност речиси до нула. Па, и онаа малку битна информација што ја има, целосно е засенета. Недостига новинарското „зошто“… Сè прави чудна и професионално неиздржана паралела меѓу минатото и сегашноста.

 222Линк до оригиналниот напис: СДСМ играше оро и во 2011, па беше „прегазена“ (Видео)

 Датум и време на објавување: 14.01.2016,   21:41

 Датум на рецензирање: 16.01.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ТЕКСТ ШТО „ТРЧА“ ЗА ВЛАСТА НАМЕСТО ЗА ЈАВНОСТА

Тривијалност, баналност – тоа ни се наметнува како главна одлика во овој материјал. Каква врска има славјето по улици на опозицијата по т.н. условена оставка на премиерот, со прославите по улиците во  времето пред парламентарните избори во 2011 година и врз основа на тоа да се прави аналогијата: „џабе славите, ќе бидете поразени“?! Вакви формулации се вообичаени во теснопартиски комуникации, ама тоа да ѝ се сервира на публиката како некаква си важна вест, е бесмислено.

Славела опозицијата, ама прашање е во колкава мера била таа прослава и што ако не било баш така како што е опишано во написот? Да, заслужува куса фото-вест. И да имало само таква основна информација, можеби, производот некако би бил прифатлив. Но, донесена е новинарски неиздржана одлука, за правење споредба со минатото и врз основа на тоа да се влече заклучокот: „СДСМ играше оро и во 2011, па беше „прегазена“.

Доколку ваквата порака беше испратена од партиска говорница, тогаш ќе беше разбирливо – имајќи ја на ум ниската политичка култура во земјава. Меѓутоа, не е во ред тоа да го каже еден новинарски текст. Не само што е пристрасно, туку е и најотворено бранење на „боите“ на власта. Па, оттука се наметнува и прашањето за кого трча овој текст? За публиката или за ВМРО-ДПМНЕ? Одговорот сам си доаѓа.

И тоа малку од информација што постои е ставено длабоко одзади, за сметка на необјективноста и на коментарите кои се нераздвојно ткиво од овој партиски „памфлет“ маскиран во вест:

„Огромна е паниката во опозициските редови како што се наближува датумот за одржувањето на изборите. Фактот дека Заев нема да може да побегне од граѓаните си го прави своето па за да му го држат стравот опозиционерите по веќе видената тактика денеска се качија во автомобили и почнаа да слават бидејќи пермиерот Груевски најави дека ќе го почитува Договорот од Пржино и ќе поднесе оставка на 100 дена пред изборите.“

Член 13 од Кодексот на новинарите вели дека „новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“, но во овој напис, таквата разлика не е направена.

Во текстот е пласирана и една невистина:

„…Тоа значи дека се исполнуваат сите услови за избори на 24 април…“

Така вели ВМРО-ДПМНЕ, ама не и, еве, да ја земеме како објективна, третата страна – меѓународната заедница, но и Државната изборна комисија.

Друг сериозен проблем е и немањето кредибилни извори на информации. Тврдењата за паника во опозициските редови, страв, сценарио на СДСМ, лажна еуфорија не се поткрепени со каква било изјава, соговорник… Насловната конструкција, пак, без никаква задршка може да се квалификува како агитпроповска.

Значи, немаме здрава и чиста информација, туку  баналност искористена за аналогија, коментаторски злоупотреби, нула извори и нула објективност. Поточно, в раце држиме содржина која наликува на партиско „билтенче“, наменето за билдање на моралот на членството.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести