verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Спинувана приказна

on 18 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Заев бега од избори затоа што се плаши_ - http___kurir.mk_makedonija_politik 11

[Рецензија:Заев бега од избори затоа што се плаши од народот]

Текстот е едностран и коментаторски. Наместо информациите непристрасно да се презентираат, во согласност со новинарските стандарди, тие се коментираат, наменски се налепуваат нецелосни податоци и притоа се дава само владината страна.

Заев бега од избори затоа што се плаши од народот Kurir.mkЛинк до оригиналниот напис: Заев бега од избори затоа што се плаши од народот

Датум и време на објавување: 16.012016, 12:44

Датум на рецензирање: 18.01.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

ВАЖНА Е САМО ИЗЈАВАТА НА ПРЕМИЕРОТ!

„Лидерот на СДСМ, Зоран Заев панично ги напушти синоќешните преговори во Пржино, а со истата таа паника сака да го избегне соочувањето со народот.“

При презентирањето на веста се изнесува лична оцена на случувањата и се спинува целата приказна. Како поткрепаа на пласираните ставови се користат информации од претходно објавени истражувања, за кои не се наведува кој ги спровел, кога се објавени, ниту, пак, се откриваат резултатите, туку само се коментира.

Во овој материјал е дадена само изјавата на премиерот:

„Не се зборуваше за никави детали околу изборите, а не се зборуваше ни за Законот за медиуми, ниту, пак, за методологијата за прочистување на избирачките списоци, бидејќи Зоран Заев не сакаше за тоа да се зборува. Тој инсистираше да се прифати од страна на сите политички партии дека е добро да се одложат изборите. Ни потроши повеќе од 12 часови за цело време да бара, да моли, да убедува и да инсистира да нема избори на 24 април.“

Изјавата на опозицијата, пак, односно на лидерот на СДСМ, воопшто ја нема. Исто така, не е прикажана ниту изјавата на еврокомесарот Јонахес Хан, па читателите немаат можност самите да се уверат што тој точно кажа, туку наменски се сугерира субјективна оценка:

„Дури и еврокомесарот Хан е убеден дека има доволно време до крајот на април да се обезбедат сите услови за изборите да се одржат.“

Написот користи политички обоен јазик, селективно ги прикажува работите, а со испуштање и со премолчување на дел од информациите, се обидува да ја дискредитира опозицијата:

„Заев синоќа со часови се обидувал да издејствува одложување на изборите, па молел и убедувал соочувањето со народот да не се случи на 24-ти април.“

Ваквиот начин на известување не ѝ овозможува на јавноста да добие целосна и објективна слика за настаните, туку креира перцепција во прилог на одредена политичка елита – владејачката.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести