verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нагласено пристрасен текст

on 18 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Заев сака продолжување на агонијата- _ - http___kurir.mk_video_zaev-saka-pr 11

[Рецензија: Заев сака продолжување на агонијата- бара одложување на изборите]

Основни одлики на овој текст се премногу шпекулации, непроверени информации и голема доза тенденциозност. За сметка на тоа, се забележува отсуство на аргументи, поткрепени тврдења и на кредибилни извори.

zaev izbori PrzinoЛинк до оригиналниот напис: Заев сака продолжување на агонијата- бара одложување на изборите

Датум на објавување: 15.01. 2016, 23:34

Датум на рецензирање: 18.01.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

БЕЗ ПОЛИТИЧКА ДИСТАНЦА

Вистинитоста на текстот што го рецензираме е крајно проблематична, тој не нуди докази дека изнесените тврдењата се точни.

„Нашите извори велат дека ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА се за избори на договорениот датум и трите партии предложиле уште многу предлози кои треба да обезбедат дополнителна сигурност во изборите, но Заев се плаши од народот и бега од соочување со неговата волја.“

Написот не ги посочува конкретно изворите на информации, туку ја користи (се затскирва зад) воопштената формулација „брифираат извори од преговорите“, или „нашите извори“, без да ги лоцира поблиску. Тогаш, како и зошто читателите да им веруваат на ваквите информации?

Дополнително, целиот текст натежнува од коментари и од пристрасност. Пишуван  без нужната политичка дистанца (како што налага Кодексот на новинарите – член 14), неумесно констатира:

„Сите се свесни за сериозноста на опструкциите кои ги прави лидерот на СДСМ, бидејќи знаат дека неговото однесување и избегнувањето на изборите како клучен дел од договорот ја враќаат Македонија назад и практично значат поништување на се што е постигнато.“

НАВРЕДЛИВ ТОН

Фокусиран да го дискредитира Заев и да го претстави како личност која нема политички капацитет и влече несериозни потези, овој напис го спушта нивото на комуникација и со наврделив тон забележува:

„…лидерот на СДСМ е нестабилна личност!“

Еден коректен новинарски производ не би си дозволил на публиката да ѝ се обраќа да со таков недоличен речник. Но, текстот што е пред нас нема идеја да пренесе чиста и необременета информација, туку се впушта во политичко-партиска пресметка и свесно зазема страна.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести