verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Оптимизам од рано наутро!

on 17 - 01 - 2016       

http___alfa.mk_News.aspx_id=104503#.VpuGBvkrLIX

[Рецензија: Денот во Пржино почна со оптимизам – сите, освен Заев се за избори на 24 април]

Прилогот што е предмет на оваа рецензија ја поставува демаркационата линија – ако изборите бидат на 24 април, тогаш има основа за оптимизам кај Македонците! Но, што ако не бидат? Дали, тогаш тоа е повод за поинакви чувства?!

Тука целосно се пренебрегнува фактот дека среќа за еден народ можат да бидат фер, чесни и добро подготвени избори. А, ако тоа не се, тие можат да бидат основа за разни форми на несреќа за истиот тој народ!
http___alfa.mk_News.aspx_id=104503#.VpuGBvkrLIXЛинк до оригиналниот напис: Денот во Пржино почна со оптимизам – сите, освен Заев се за избори на 24 април
Датум и време на објавување: 15.01.2016, 18:06

Датум на рецензирање: 16.01.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

„АНАЛИТИКА“ ОД ПРВИОТ ЧАС ПО МАТЕМАТИКА

Прилогот најпрвин спинува со тоа што одбројува кои од тие што влегуваат во резиденцијата на ЕУ во Пржино се за одреден датум на избори (24 април), а кој не е.

Притоа, во прилогот се заборава да се каже дека меѓународната заедница е претставена не само преку комесарот Хан, туку и преку неколку амбасадори и самиот посредник Хојте, потоа дека „гласаат“ и собраните импресии од сите оние институции кои се битни за реализација на Договорот од Пржино и така натаму.

Меѓутоа, прилогот содржи аналитика од првиот час по математика! Се собира „сè до бројот четири“, без на гледачите да им се објасни дека состанокот не е просто надгласување, дека гласање дури и нема, туку е нужен консензус.

 

„СПОЕНИ КОЛКОВИ“

Претставниците на четирите партии се различно претставени. За Заев е само констатирано дека пристигнал, но не и што рекол кога заминал, за Груевски е посветено значително повеќе време, а особено се нагласува дека „тој од Пржино оди да пушти нова инвестиција (!)“, што нема врска со темата. Партиите од албанскиот блок (ДУИ и ДПА), пак, добија една реченица и тоа „групно“, небаре Ахмети и Тачи имаат „споени колкови“!
Спинот го има и на крајот од прилогот:

„Согласно договорот од Пржино, на кој во јули параф ставија четворицата лидери Македонија треба да гласа на уште едни предвремени парламентарни избори во април. По мерењата на јавното мислење кои покажаа убедлива предност на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски пред Заев и неговиот Социјалдемократски сојуз, опозиционерите почнаа да наговестуваат одложување на изборите, а подоцна и лично Заев отворено почна да ја споменува можноста за пролонгирање на датумот.“

Овој цитат сокрива дека Договорот од Пржино не е остварен во многу точки и дека без тоа не е можно да се спроведат онакви избори заради кои е воспоставен Договорот. Тоа, пак, нема врска со евентуалниот моментен рејтинг на одделни партии.
Уште еден пример на навивачко новинарство, дури и во моменти кои се премногу сериозни за да се „шири оптимизам“ од рано наутро!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести