verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тензија „инспирирана“ од шпекулации

on 25 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

jakkpsaxj 11

[Рецензија: Тензична атмосфера на Централниот Одбор на СДСМ]

 

 

Написот е манипулативен, едностран и сeнзационалистички. Освен низа шпекулации, во текстот нема ниту една конкретна потврда дека атмосферата на централниот одбор на СДСМ навистина била тензична и дека се употребувале свирежи, скандирања и пцости кон дел од членовите.

jakkpsaxjЛинк до оригиналниот напис: Тензична атмосфера на Централниот Одбор на СДСМ

Датум и време на објавување: 21.01.2016, 15:19

Датум на рецензирање: 23.01.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

А ИЗЈАВА ОД СДСМ?

Написот којшто, инаку,  е целосно преземен од друг медиум ( тоа е наведено и ставен е линкот),  служи за да се оцрни одлуката на централниот одбор на СДСМ, партијата да не учествува на предвремените парламентарни избори доколку не се исполнат услови за фер и демократски избори.

Во текстот нема изјава од ниту еден од 113 членови на централниот одбор на партијата, кој ќе ја потврди информацијата дека ситуацијата навистина била тензична и драматична како што се наведува во материјалот што го рецензираме.

Написот е „пократок“ и за изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дадена веднаш по завршувањето на централниот одбор, во којашто тој вели дека ЦО на СДСМ дал едногласна поддршка на одлуката на раководството.

„Социјалдемократскиот сојуз вечерва имаше плодна дебата и донесе едногласна одлука. СДСМ нема да учествува на изборите на 24-ти април. Заклучоците кои што ги донесовме на Централниот одбор после дебатата се следните: Фер, регуларнии и демократски избори се императив, а не датумот на изборите. На Македонија не и требаат уште едни нерегуларни избори. Затоа менувањето на датумот на изборите не е желба на опозицијата, туку потреба за целосна имплементација на договорот од Пржино“, рече Заев по завршувањето на Централниот одбор.“

Еден релевантен текст, секако, треба да ја има оваа изјава на Заев, како официјална информација за тоа што се случувало на состанокот на централното партиско тело.

Во овој напис се наведува дека членовите на централниот одбор, од таканареченото скопско крило, кои не размислувале како Заев, кога ги искажувале сопствените аргументи наидувале на свирежи, скандирања и на пцости.

Освен оваа шпекулација дадена од анонимен извори, текстот не е поткрепен со ниту едена доказ дека атмосферата навистина била под нивото на политичката култура. Никаде во него нема изјава од членовите на „скопското крило“, ниту стои дека тие биле побарани за став. Без нивните изјави, написот нема издржана аргументација дека тоа што го наведува навистина се случило.

Текстот, напишан на основа на „рекла-кажала“, служи да ги наведе читателите да мислат дека има раскол во СДСМ, дека одлуките што ги носи раководство не се поддржани од членовите на партијата, а со тоа се алудира и дека споменатата одлука нема поддршка ни кај граѓаните.

Еден новинарски продукт не смее да се потпира само на шпекулации, а истовремено да ги затскрива официјалните изјави за да ја извртува реалноста и да креира манипулативна слика во јавноста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести