verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ако не мислиш како власта, тогаш си СДСМ?!

on 25 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Алексов од МОСТ со исти ставови како н_ - http___vecer.mk_makedonija_aleksov 11

[Рецензија: Алексов од МОСТ со исти ставови како на СДСМ]

 

Написот е коментаторски и едностран, не се темели на факти и се обидува да ја дискредитира професионалноста на личноста која стои на чело на граѓанската Асоцијација за следење на изборите „Мост“. Во него се испуштаат информации за да се направи спин и да се создаде поинаква слика, која кореспондира со ставовите на власта.

Алексов од МОСТ со исти ставови како на СДСМ ВечерЛинк до оригиналниот напис: Алексов од МОСТ со исти ставови како на СДСМ

Датум и време на објавување: 22.01. 2017,10:22

Датум на рецензирање: 24.01.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

ДИСКРЕТИТИРАЊЕ

„Директор на граѓанската асоцијација МОСТ или нов портпарол на СДСМ? Дарко Алексов деновиве настапува со тезите на Зоран Заев, а не ја врши работата за која е задолжен.“

Уште со поднасловот се најавува дека текстот има цел да го нападне и дискредитира првиот човек на „Мост“. Ставовите на Алексов се спротивни на тие што ги има власта, па поради тоа, во написот се наметнува заклучок дека ако тој не е со власта, мора да е со опозицискиот СДСМ!

Во текстот се дава изјавата на Алексов, во која тој, потсетувајќи на роковите предвидени со Договорот од Пржино и нивното пробивање, вели дека временскиот рок за целосно прочистување на избирачкиот список е прекраток. Ваквата изјава веднаш потоа се коментира без факти, а главна цел е да се дискредитира професионалноста и независноста на граѓанската организација:

„Јавноста која ја слушна оваа изјава сигурно помисли дека се ова зборови на Зоран Заев.“

Во текстот не се наведува кој ја финансира организацијата ниту, пак, се прави обид да се провери тоа. Но, поради изјавата на Алексов, којашто не се совпаѓа со ставовите на власта, се покренува прашањето за начинот на финансирање на граѓанската организација и без поткрепа од факти се обидува да се наметне дека „е финансирана од Соросвцата фондација“.

На крајот на написот се наведува дека само Заев и „Мост“ сметаат дека е прекраток рокот за прочистување на избирачкиот список, а не се споменува дека и претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, го смета истото, ниту, пак, се пренесуваат сомнежите на европратеникот Ричард Ховит, кој посредуваше во носењето на Договорот.

Вака конструираниот текст, без издржана аргументација и со исуштени податоци, не ѝ овозможува на јавноста сама да оформи став, што е спротивно на новинарските стандарди. Очигледно е дека со начинот на презентирање и на коментирање на информацијата се цели кон уривање на професионалниот кредибилитет на првиот човек на „Мост“ и кон презентирање на ставовите на власта.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести