Рецензии

А каде е партиската пристапница на Јанева?!

на 29. 01. 2016 | | sq

[Катица потпиша пристапница во СДСМ!]

  Ова е еден спинерски текст во кој острицата на нападите е насочена  кон специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Насловот на написот содржи невистинита информација и создава погрешна слика кај читателот. Да се тврди дека некој потпишал пристапница за некоја партија, значи дека станал нејзин член, а за тоа е потребно да се има доказ. Такви докази нема во содржинскиот дел на текстот. Така што, насловот  целосно „виси“ и тој е наменски ставен за да ја дискредитира јавната обвинителка. Линк на оригиналниот напис: Катица потпиша пристапница во СДСМ! Датум и време на објавување: 27.01.2016 Датум на рецензирање: 28.01.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

КРИТИЗЕРСТВО

Текстот на самиот почеток содржи напади и осудувања за работата на специјалната

Евтина политичка драмолетка

на 29. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Катица на дело ја реализира политиката „Ќе јадеме живи луге“, тајна средба со Заев]

Кога ќе го погледнете прилогот што го рецензираме, она што прво ќе ви падне на памет е дека ова не е новинарство туку фикција. Фикција е зашто нема ниту еден елемент од професионалното новинарство што оваа содржина ќе ја идентификува со стандардизирана журналистичка содржина.   Линк до оригиналниот напис: Катица на дело ја реализира политиката „Ќе јадеме живи луге“, тајна средба со Заев Датум и време на објавување: 27.01.2016, 18:00 Датум на рецензирање: 28.01.2016 Рецензент: Зоран Бојаровски  

ФАНТАЗМАГОРИИ БЕЗ ОСНОВА

Освен „од наши извори“, нотирано само на едно место во оваа медиумска творба, нема ниту еден извор кој соодветно ќе потврди дека оваа сторија

Величењето на една политичка фигура го девалвира новинарот

на 29. 01. 2016 | | sq

              

Напис: Непобедливиот, Али Ахмети

Политичкото општество во Македонија во овие последни години претрпело големи промени. И нормално е да има такви промени затоа што еволуцијата и притисокот на времето ги менува луѓето, ги менува околностите, ги менува работите, менува сè. Toa се случи во Македонија. Сè се промени. Дури и премиерот не е веќе ист. Сите тие што едно време победуваа, денес изгубија. Само еден од нив реди победа по победа. Многумина мислеа дека тоа ќе биде премиерот Груевски. Еден човек кој никогаш нема да падне од власт. Еден семоќен човек во оваа наша држава. Но, и тој падна. Единствениот кој преживеа е Али Ахмети. Од еден предизвик во друг, од една победа во друга. Ги прекрши законите на политиката

Наслов за кликнувања

на 29. 01. 2016 | | sq

[Пронајдена исчезнатата жена од Куманово – што и се случило]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е предлог на наш читател кој вели: „Си ставаат што сакаат како наслов на „статијата“ и око не им трепнува. Тоа што во текстот понатаму немаат никаква информација околу тоа што најдиректно го навестуваат, уво не ги боли“. Читателот е целосно во право. Линкуван наслов на анализираниот напис: Пронајдена исчезнатата жена од Куманово – што и се случило Датум и време на објавување: 25.01.2016 Датум на рецензирање: 27.01.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НО, ШТО Ѝ СЕ СЛУЧИЛО НА КУМАНОВКАТА ?

Имено, насловот на написот, освен што потврдува дека е пронајдена жена од Куманово која била исчезната, исто така, навестува и дека

Информација со „портокалова запршка“

на 29. 01. 2016 | |

[Заев не се појави на судењето за „Поткуп“ – повторно не ги почитува македонските закони и институции]

  Нагаѓања, паушални процени без аргументи, невистинитост, пристрасност и, секако, неизбежниот „зачин“ – коментирање.  Линк до оригиналниот напис: Заев не се појави на судењето за „Поткуп“ – повторно не ги почитува македонските закони и институции  Датум и време на објавување: 25.01.2016  Датум на рецензирање: 26.01.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

ДВОЈНИ АРШИНИ

Ако Груевски не може да се појави во судница, тоа е разбирливо, а ако Заев го стори истото тоа, тогаш е „непочитување на законите и на институциите“. Ајде де!? Во ред, лидерот на СДСМ навистина не се појави на рочиштето за случајот „Поткуп“, во кој тој е обвинет за, како што сугерира

Од спротивната страна на професионализмот

на 28. 01. 2016 | | sq

[СДСМ намерно го урива Избирачкиот список]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е коментаторски, манипулативен, необјективен и изнесува неточни констатации. Целта на оваа објава е дискредитирање на опозицијата и наведување на читателот да се сомнева во неутралноста на Државната изборна комисија. Во конкретниот случај, комплетно е игнорирана втората страна на приказната. Линк до оригиналниот напис: СДСМ намерно го урива Избирачкиот список Датум и време на објавување: 22.01.2016, 17:01 Датум на рецензирање: 26.01.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

НЕИМЕНУВАНИ ИЗВОРИ И ПАУШАЛНИ ОБВИНУВАЊА

Имаме тврдење дека членовите на СДСМ во ДИК не дозволуваат да почне прочистувањето на избирачкиот список и секојдневно ја кочат работата. Дополнително, следува и коментар дека целта на СДСМ, наводно, била да се одложат изборите поради слабиот

Заев и Јанева, „петок и сабота“!

на 28. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Заев се појавува на суд само кога Катица Јанева е обвинител]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија, без конкретни аргументи, се обидува да му наметне одредено однесување на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за првото судското рочиште „Поткуп“, на кое тој не се појави. Насловот на текстот има интенција да ги доведе во „специјална врска“ шефот на опозицијата и специјалната јавна обвинителка. Линк до оригиналниот наслов: Заев се појавува на суд само кога Катица Јанева е обвинител Датум и време на објавување: 25.1.2016 Датум на рецензија: 26.1.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

СПЕЦИЈАЛНА ВРСКА

Лидерот на СДСМ се доведува во корелација со специјалната обвинителка Катица Јанева, иако за овој случај („Поткуп“) е надлежен Основениот суд Скопје 1. Притоа,

А кој вели дека српската опозиција ќе бојкотира?

на 28. 01. 2016 | |

[Рецензија: И опозицијата во Србија со исти изговори сака да ги бојкотира предвремените парламентарни избори]

  Овој материјал има апологетски пристап и претставува отворен спин во полза на Груевски. Прилогот прави споредба помеѓу премиерот на Србија, Александар Вучиќ, и лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, истовремено, силно критикувајќи ја опозицијата. Изнесените наводи не се поткрепени со аргументи ниту, пак, текстот се повикува на изворот кој би ја потврдил тезата изнесена уште во самиот наслов: „И опозицијата во Србија со исти изговори сака да ги бојкотира предвремените парламентарни избори“. Тоа е неточно. Напротив, српската опозиција смета дека изборниот бојкот би бил контрапродуктивен. Линк до оригиналниот напис: И опозицијата во Србија со исти изговори сака да ги бојкотира предвремените парламентарни избори

Да се исплашиш од пристрасноста

на 27. 01. 2016 | | sq

Напис: Дали СДСМ се плаши од пораз на изборите?

Опозицијата бега од конфронтација со народот, нејзиниот лидер побара да има избори, доби гаранција од еврокомесарот Хан и од ДИК дека можат да се одржат слободни и демократски избори, но пак бара нивно одложување.   Зоран Заев неколкупати го менува ставот, дава контроверзни изјави и ги гази зборот и потписот дадени во Пржино.   Дека СДСМ бега од изборите потврдија и

Извитоперена логика!

на 27. 01. 2016 | | sq

[И пресудата во Стразбур потврди дека Ивановски бил соработник на службите]

  Судот за човекови права во Стразбур неодамна ги информираше странките од Македонија дека ја укинал пресудата што ја донесе Комисијата за верификација на фактите против уставниот судија во пензија Трендафил Ивановски. Предметот е отворен на барање на жалителот Ивановски, откако тој ја проба среќата со домашното правосудство (Основниот управен суд, Вишиот управен и Врховниот). Тоа сознание со големо поттурнување од социјалните мрежи некако стаса и до пошироката јавност, иако постоеше очевиден обид таа вест најпрвин да се сопре во стилот „Зауставите Ројтерс“. А потоа, кога веста не се сопре, се тргна кон тоа одлуката да се прикаже во сосема спротивна светлост. Како што се прави тоа и во