verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Заев и Јанева, „петок и сабота“!

on 28 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Заев се појавува на суд само кога Кати_ - http___kurir.mk_makedonija_politik 11

[Рецензија: Заев се појавува на суд само кога Катица Јанева е обвинител]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија, без конкретни аргументи, се обидува да му наметне одредено однесување на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за првото судското рочиште „Поткуп“, на кое тој не се појави. Насловот на текстот има интенција да ги доведе во „специјална врска“ шефот на опозицијата и специјалната јавна обвинителка.

zaev, sudЛинк до оригиналниот наслов: Заев се појавува на суд само кога Катица Јанева е обвинител

Датум и време на објавување: 25.1.2016

Датум на рецензија: 26.1.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

СПЕЦИЈАЛНА ВРСКА

Лидерот на СДСМ се доведува во корелација со специјалната обвинителка Катица Јанева, иако за овој случај („Поткуп“) е надлежен Основениот суд Скопје 1. Притоа, како „крунски доказ“ за наводната поврзаност меѓу Заев и Јанева, се посочува  случајот „Пуч“, за кој е надлежно токму Специјалното јавно обвинителство.

„Сега Заев повторно избегнува во судница да се соочи со било кој судија или обвинител, ако тоа не е лично Јанева. За нивната поврзаност во работењето досега многу се пишуваше, па не е чудно што Заев само покрај специјалната јавна обвинителка сака да сведочи за случаите каде е тој осомничен. Тој не е службено зафатен само кога Катица Јанева е обвинителка.“

Но, тоа што лидерот на опозицијата изјави дека нема да ја почитува одлуката на судот за случајот „Пуч“, не значи дека истото се однесува и на другите дела во кои се води судски процес против него.

Во написот отсуствува изјавата на адвокатот на Заев, Ване Андреев, што тој ја даде пред Основниот суд Скопје 1, а во која вели дека Заев бил службено спречен поради состанок со амбасадорот на Кина во Македонија, Зеншун Вен. Со премолувањето на оваа изјава, материјалот е нецелосен и не дава објективен приказ на состојбата. Само, веројатно, текстот и немал намера да ја прикаже вистината, туку да направи конструкција во која Заев и Јанева ќе ги претстави како „петок и сабота“!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести