verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

А кој вели дека српската опозиција ќе бојкотира?

on 28 - 01 - 2016       

http___sitel.com.mk_i-opozicijata- 11

[Рецензија: И опозицијата во Србија со исти изговори сака да ги бојкотира предвремените парламентарни избори]

 

Овој материјал има апологетски пристап и претставува отворен спин во полза на Груевски. Прилогот прави споредба помеѓу премиерот на Србија, Александар Вучиќ, и лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, истовремено, силно критикувајќи ја опозицијата. Изнесените наводи не се поткрепени со аргументи ниту, пак, текстот се повикува на изворот кој би ја потврдил тезата изнесена уште во самиот наслов: „И опозицијата во Србија со исти изговори сака да ги бојкотира предвремените парламентарни избори“. Тоа е неточно. Напротив, српската опозиција смета дека изборниот бојкот би бил контрапродуктивен.

http___sitel.com.mk_i-opozicijata-Линк до оригиналниот напис: И опозицијата во Србија со исти изговори сака да ги бојкотира предвремените парламентарни избори

Датум и време на објавување: 22.01.2016, 19:27

Датум на рецензирање: 25.01.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

ЧИТАНО – НЕДОЧИТАНО

Написот се повикува на соопштение на српската опозиција која, наводно, зазела став каков што е искажан во насловот. Веќе рековме, тоа не е вистина. Текстот, најверојатно, се потпрел на импресиите од насловот и поднасловот од опширниот текст во еден српски весник, при што произволно и наменски ги толкува. Весникот, инаку, пренесува серија мислења и дискусии на претсатвниците на опозициските партии, аналитичари, универзитетски професори…, поврзани со евентуалните избори кои сè уште не се распишани во Србија.

Доколку, пак, се земел предвид целиот текст и прилогот се повикал на него како извор, што препорачува и Кодексот на новинарите на Македонија во членот 4,  и се наведел линк, читателите самите ќе имале можност да ја проценат ситуацијата во соседна Србија. Како и да се уверат дека ниту еден од учесниците во расправата која се води во Србија, а ни српската опозиција, генерално, не заговараат бојкот на евентуалните избори. Напротив, единствени се дека на избори треба да се оди, но дека треба да се води кампања тие да бидат спроведени во фер амбиент.

 

СЕПАК, ИМА РАЗЛИКА

Прилогот става знак на еднаквост меѓу Вучиќ и Груевски и со нагласена доза пристрасност констатира:

„Соочени со фактот дека српскиот премиер Александар Вучиќ ужива над 50% кај граѓаните – српските опозиционери со најавите за бојкот многу наликуваат на македонските. Дотолку повеќе што и тие користат термини како “режим“, “диктатура“ или “тоталитарна власт“.“

Потоа дури заклучува дека:

„Освен огромниот рејтинг, заедничко за Вучиќ и за Груевски и двајцата ја имаат подршката од меѓународната заедница во планот да се организираат избори на 24 арпил.“

Тоа не одговара со реалноста. Има прилично голема разликата во ставовите на меѓународната заедница кон политиките што ги водат Србија и Македонија. Србија како награда за реформите и за политиката што ја спроведува, доби датум за почеток на преговорите и ги отвори првите поглавја. Со политиките на довчерашниот премиер Грувески, на Македонија, меѓу другото, ѝ е замрзната препораката за почеток на преговорите сè додека состојбата со демократијата, медиумите, изборите, судството, човековите права, реформите… не се подобрат. Каква и колкава е подршката на меѓународната заедница за поведението на Владата предводена од Груевски слушнавме неколкупати и од амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и од американскиот амбасадор во Македонија.

 

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Крајниот заклучок во текстот е во форма на предупредување (веројатно до домашната и до меѓународната јавнсот) дека доколку се прифати барањето на опозицијата да се одложат изборите закажани за 24 април, тоа би повлекло домино-ефект и примерот на македонската опозиција би го следеле опозициите од регионот.
Направена е еклатантна повреда на членот 14 на Кодексот на новинарите, кој упатува на обврската известувањето од политичките процеси, особено од изборите, да биде непристрасно и избалансирано, а новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Меѓународната федерација на новинарите е уште попрецизна. Во делот за етичко новинарство, политичка пристрасност и демонизација на политичките актери буквално стои:

Непристрасност за време на изборната кампања, меѓу другото, значии дека медиумите не смеат да изразуват гледишта за или против некоја политичка партија, ниту да се јавуваат како застапници на конкретни политички гледишта во актуелна политичка дебата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести