verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Од спротивната страна на професионализмот

on 28 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

СДСМ-намерно-го-урива-Избирачкиот-список-Вечер 11

[СДСМ намерно го урива Избирачкиот список]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија е коментаторски, манипулативен, необјективен и изнесува неточни констатации. Целта на оваа објава е дискредитирање на опозицијата и наведување на читателот да се сомнева во неутралноста на Државната изборна комисија. Во конкретниот случај, комплетно е игнорирана втората страна на приказната.

СДСМ намерно го урива Избирачкиот список ВечерЛинк до оригиналниот напис: СДСМ намерно го урива Избирачкиот список

Датум и време на објавување: 22.01.2016, 17:01

Датум на рецензирање: 26.01.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

НЕИМЕНУВАНИ ИЗВОРИ И ПАУШАЛНИ ОБВИНУВАЊА

Имаме тврдење дека членовите на СДСМ во ДИК не дозволуваат да почне прочистувањето на избирачкиот список и секојдневно ја кочат работата. Дополнително, следува и коментар дека целта на СДСМ, наводно, била да се одложат изборите поради слабиот рејтинг на партијата, а не прочистувањето на избирачкиот список.

Не е јасно како е донесен ваков заклучок кој ги извртува ставовите и на опозицијата и на претседателот на ДИК, Александар Чичаковски. Во текстот како поткрепа за изнесените ставови стои парафразирана изјава од „извори“, кои се неименувани и некредибилни, што значи може да биде кој било или – никој.

По изнесениот манипулативен став, во текстот надолго и нашироко е објаснета средбата на привремениот премиер Емил Димитриев со членовите на ДИК и целосно е пренесена неговата изјава. Овој дел од текстот нема никаква врска со претходно изнесениот став дека СДСМ намерно го урива избирачкиот список.

По темелното пренесување на изјавата на Димитирев, написот повторно се навраќа на констатацијата дадена во воведот, дека СДСМ се плаши од избори.

Со тенденциозни, паушално нафрлени обвинувања, затскриени зад формулацијата „извори од ДИК“ се прави спинерска конструкција

„…дека претседателот Александар Чичаковски и членовите од СДСМ не дозволуваат да отпочне прочистувањето на Избирачкиот список и секојдневно ја кочат работата. Истите извори велат дека мисијата на Чичаковски е да создаде алиби за барањата на СДСМ да се одложат изборите, иако суштината на овие барања не е Избирачкиот список туку слабиот рејтинг на партијата.“

Притоа не се пренесува изјавата на претседателот на ДИК, Александар Чичаковски (кој е експерт, а не член на партија), за да можат читателите самите да се уверат што точно тој кажал.

„На прашањето дали избори на 24 април може да се спроведат, мојот одговор е дека технички изборите може да се спроведат, меѓутоа проверка и пречистување на избирачкиот список не може да спроведе што значи дека не може да се обезбеди ниту избирачки список во кој сите ќе имаат доверба – стои во писмената изјава на Чичаковски.“

Така што, со премолчувањето на оваа изјава, но и преку спинување, манипулирање со фактите, во јавноста наметнува перцепција дека избирачкиот список е алиби на опозицијата за да се одложат предвремените парламентарни избори најавени за 24 април. Па, напишан и пласиран на ваков начин, написот насловен: „СДСМ намерно го урива Избирачкиот список“, всушност, ги урива стандардите на професионалното новинарство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести