verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Информација со „портокалова запршка“

on 29 - 01 - 2016       

Заев не се појави на судењето за „Потк_ - http___kurir.mk_makedonija_politik 11

[Заев не се појави на судењето за „Поткуп“ – повторно не ги почитува македонските закони и институции]

 

Нагаѓања, паушални процени без аргументи, невистинитост, пристрасност и, секако, неизбежниот „зачин“ – коментирање.

 11111Линк до оригиналниот напис: Заев не се појави на судењето за „Поткуп“ – повторно не ги почитува македонските закони и институции

 Датум и време на објавување: 25.01.2016

 Датум на рецензирање: 26.01.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ДВОЈНИ АРШИНИ

Ако Груевски не може да се појави во судница, тоа е разбирливо, а ако Заев го стори истото тоа, тогаш е „непочитување на законите и на институциите“. Ајде де!? Во ред, лидерот на СДСМ навистина не се појави на рочиштето за случајот „Поткуп“, во кој тој е обвинет за, како што сугерира насловот, земање поткуп во својство на градоначалник на Струмица. Меѓутоа, факт е дека дошол неговиот адвокат, што е наведено во написот, и објаснил оти Заев не можел да присуствува бидејќи имал средба со кинескиот амбасадор. И, сега доаѓаат „бравурите“:

„Ваквото однесување на Заев, со непочитување на законите и институциите, отвора сомнеж дека лидерот на СДСМ не е службено зафатен…“

Сомнежот е без основа, зашто човекот навистина имал состанок со амбасадорот на Кина, како што покажуваат и фотографиите и соопштението објавено од СДСМ.

Понатаму, зошто веднаш се инсинуира дека лидерот на опозицијата не ги почитува законите со тоа што не дошол во судницата? Утврдивме, имал важна средба. Не велиме дека појавувањето пред судот не е значајно, но ако употребиме училишен речник, имал оправдување зашто не присуствувал на судењето кое е презакажано за 3 март.

Ако веќе толку остро некој политички лидер се повикува на одговорност дека мора да се појави на судско рочиште, зошто тогаш тој ист принцип не се применува кога е во прашање довчерашниот премиер Никола Груевски, кој не се појавил барем на две рочишта за два различни случаи – првиот кога го тужеше Тито Петковски дека го наклеветил оти прифатил промена на името и вториот против Зоран Заев за случајот „Македонска банка“. Значи, експремиерот по автоматизам добивал оправдување, а на Заев веднаш му се залепува неоправдано отсуство. Груевски не манифестира непочитување кон судовите кога не се појавува на судењата што самиот ги иницира? Пристрасност до коска!

„(Заев) може да присуствува на суд само кога Катица Јанева е обвинител.“

Овој коментар е нагаѓање или аргументиран? Точно е дека Заев не се појавуваше за „Пуч“ и неговото доаѓање го поврзуваше со почетокот на фукцинирањето на Специјалното обвинителство, но тоа беше за тој случај. Инаку, претседателот на СДСМ се појавуваше на други рочишта каде Јанева не била обвинителка.

Имало солидна информација, имало факти, имало изјава и сето тоа е упропастено со лоши мирудии: несоодветни формулации, паушални констатации, коментари, презумции на вина и многу пристрасност. Финалниот производ е непотребна турлитава запржена во „портокалово“ масло.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести