verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наслов за кликнувања

on 29 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Пронајдена исчезнатата жена од Куманов_ - http___press24.mk_pronajdena-ische 11

[Пронајдена исчезнатата жена од Куманово – што и се случило]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија е предлог на наш читател кој вели: „Си ставаат што сакаат како наслов на „статијата“ и око не им трепнува. Тоа што во текстот понатаму немаат никаква информација околу тоа што најдиректно го навестуваат, уво не ги боли“. Читателот е целосно во право.

Пронајдена исчезнатата жена од Куманово што и се случило Press24Линкуван наслов на анализираниот напис: Пронајдена исчезнатата жена од Куманово – што и се случило

Датум и време на објавување: 25.01.2016

Датум на рецензирање: 27.01.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

НО, ШТО Ѝ СЕ СЛУЧИЛО НА КУМАНОВКАТА ?

Имено, насловот на написот, освен што потврдува дека е пронајдена жена од Куманово која била исчезната, исто така, навестува и дека ќе ни открие што ѝ се случило. Но, такво нешто во текстот нема. Информациите што ги содржи оваа новинарска вест се дека жената била пронајдена, кој, кога и каде ја нашол.

„Припадници на СВР Куманово синоќа околу 23 часот во централното градско подрачје ја пронајдоа исчезнатата 33-годишна жена, жителка на кумановско Ново Село.“  

Во материјалот има и податоци за тоа кога семејството ја пријавило за исчезната, како и дека нејзините роднини барале помош од медиумите.

„Жената од страна на членовите на нејзиното семејство беше пријавена за исчезната на 23 јануари.

…членови на семејството преку медиумите побараа помош и од граѓаните за пронаоѓање на жената.“

Но, во содржинскиот дел на оваа објава нема одговор што ѝ се случило на оваа кумановка. Фактички, тоа што го има во насловот, го нема во текстот. Провокативниот наслов е ставен само за привлекување внимание, а не за информирање. Очигледно е дека е направен таков избор на насловната конструкција само поради желбата за собирање повеќе кликнувања. Тоа е непрофесионално, но и некоректно кон читателите.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести