verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Евтина политичка драмолетка

on 29 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Катица на дело ја реализира политиката_ - http___sitel.com.mk_katica-na-delo 11

[Рецензија: Катица на дело ја реализира политиката „Ќе јадеме живи луге“, тајна средба со Заев]

Кога ќе го погледнете прилогот што го рецензираме, она што прво ќе ви падне на памет е дека ова не е новинарство туку фикција. Фикција е зашто нема ниту еден елемент од професионалното новинарство што оваа содржина ќе ја идентификува со стандардизирана журналистичка содржина.

 

01282016-Sitel-KaticaЛинк до оригиналниот напис: Катица на дело ја реализира политиката „Ќе јадеме живи луге“, тајна средба со Заев

Датум и време на објавување: 27.01.2016, 18:00

Датум на рецензирање: 28.01.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ФАНТАЗМАГОРИИ БЕЗ ОСНОВА

Освен „од наши извори“, нотирано само на едно место во оваа медиумска творба, нема ниту еден извор кој соодветно ќе потврди дека оваа сторија има реални основи. Тоа произлегува од првиот, суштествен, член на Кодексот на новинарите кој препорачува:

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Тука не е испочитувано ништо од принципите на членот 1 од Кодексот на новинарите. Оваа содржина не се ни обидува да објасни дека се работи за шпекулации. Напротив. Приказната е сплетена како да се работи за апсолутни факти, а за тоа нема никакви докази ниту, пак, навестувања дека има докази кои ѝ се познати на редакцијата.

Како што рековме, напротив. Исплетена е приказна достојна за некоја евтина политичка драмолетка составена од инсинуации, непоткрепени сценарија, фантазмагории без основа, клеветнички наводи и содржина која вознемирува.

Еден крајно пристрасен новинарски производ, сосема спротивен на неопходноста од дистанца, како што налага членот 14 од Кодексот:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести