verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Величењето на една политичка фигура го девалвира новинарот

on 29 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

              Aktualeee

Напис: Непобедливиот, Али Ахмети

Политичкото општество во Македонија во овие последни години претрпело големи промени. И нормално е да има такви промени затоа што еволуцијата и притисокот на времето ги менува луѓето, ги менува околностите, ги менува работите, менува сè. Toa се случи во Македонија.

Сè се промени. Дури и премиерот не е веќе ист. Сите тие што едно време победуваа, денес изгубија. Само еден од нив реди победа по победа. Многумина мислеа дека тоа ќе биде премиерот Груевски. Еден човек кој никогаш нема да падне од власт. Еден семоќен човек во оваа наша држава.

Но, и тој падна. Единствениот кој преживеа е Али Ахмети. Од еден предизвик во друг, од една победа во друга. Ги прекрши законите на политиката во Македонија и воопшто. Тој опстојуваше во војна и опстојува и во мир. Тие што во војна ги победи со пушки, во време на мир ги победи со политика.

Додека сите влади паѓаа, Али Ахмети остануваше на врвот. Тој владееше заедно со Црвенковски, Бранко отиде, Али Ахмети остана. По него дојде Хари Костов, кој исто така си замина, но Али Ахмети никако да замине. Друг премиер што замина беше и Владо Бучковски, но Али Ахмети повторно победи. На крај дојде Груевски.

Овој владееше подолго, но не толку долго колку Али Ахмети. Груевски владееше девет години и често велеа дека е многу моќен. Но, вчера, Груевски со наведната глава си замина, но Али Ахмети сè уште е тука. Стоички. Непоколеблив. Непобедлив. Несоборлив. Неспоредлив. Неоспорлив. Спроведувајќи ги идеалите. Отвoрајќи нови работни места.

Отварајќи нови универзитети. Чекорејќи кон реализација на еден голем сон. Кон големата надеж. Кон евро-атлантскиот пат. Времето на другите заврши. Неговото само што почнало. Своевремено тој им кажал: „Така како што ве победив во војна, така ќе ве победам и во мир“. Некогаш тоа беа само зборови. Денес вистина. Речено, сторено.

Преземено од фејсбук-страницата на ОНА-ДУИ.

[Рецензија: „Непобедливиот, Али Ахмети”]

Заслепен од пропагандата и од намерата да величи една политичка личност, новинарот не ретко излегува надвор од професионалните граници. Ниеден новинар што ја опишува реалноста како да е рај, кој во фигурата на својот лидер гледа совршенство и на ваков начин се обидува да ги „заслепи“ и неговите читатели, не заслужува да се нарече новинар.

 

AktualeeeЛинк до оригиналниот напис:Непобедливиот, Али Ахмети

Датум и време на објавување: 16.01.2016

Датум на рецензирање: 22.01.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Текстот со наслов „Непобедливиот, Али Ахмети“ наликува на говор од бината на еден партиски митинг на ДУИ. Намерата на овој продукт е јасна уште од самиот наслов.

„Додека сите влади паѓаа, Али Ахмети остануваше на врвот. Тој владееше заедно со Црвенковски, Бранко отиде, Али Ахмети остана. По него дојде Хари Костов, кој исто така си замина, но Али Ахмети никако да замине. Друг премиер што замина беше и Владо Бучковски, но Али Ахмети повторно победи. На крај дојде Груевски.“

Новинарството подразбира општо добро и пропагандата нема врска со новинарството. Етичкиот кодекс на новинарите ја смета политичката пропаганда за кршење на стандардите во новинарството. Пропагандата за една политичка партија или опција нема ништо заедничко со новинарската професија.

Покрај тоа, текстот не е балансиран и е невозможно читателот да знае дали напишаните зборови се на новинарот или на некој друг. Јасно е дека текстот не е напишан за да биде вест. Не е јасно зошто е објавен како актуелност.

Во текстот се зборува за остварување на еден сон, за надежта, за новите можности, за евроинтеграциите, како да се зборува за еден рај створен од „непобедливиот“.

„Отварајќи нови универзитети. Чекорејќи кон реализација на еден сон. Кон големата надеж. Кон евро-атлантскиот пат. Времето на другите заврши. Неговото само што почнало. Своевремено тој им кажал: „Така како што ве победив во војна, така ќе ве победам и во мир“. Некогаш беа само зборови. Денес вистина. Речено, сторено.“

Дури на крај ни станува јасно дека текстот е преземен од една фантомска интернет-страница, преку која се врши партиска пропаганда. Еден медиум може да преземе информации од социјалните мрежи или, пак, интернет-страници тогаш кога нивните автори се сигурни, доверливи и компетентни извори. Потоа, тој текст, откако ќе се потврди, може да се третира како еден извор за напишаната вест. Не е нормално да се земе еден цел текст, необработен, без автор и на истиот да му се даде толку простор од еден медиум.

Овој текст не е третиран според методот на превртена пирамида, туку хронолошки, спротивно на тоа што е норма за една вест.

Тука имаме еден текст кој не ги исполнува новинарските стандарди, како од технички, така и од етички аспект, затоа што тој има цел да величи една политичка фигура, а не да информира.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Пропаганда

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести