Рецензии

Судија-жртва или невистина во служба на власта?

на 5. 02. 2016 | |

[ЕКСКЛУЗИВНО: И судија бил жртва на малтретирање од тимот на Катица Јанева]

  Кога читателот се соочува со наслов како овој на текстот што го рецензираме, очекува во содржинскиот дел да прочита ексклузивна информација за сериозниот настан што се најавува: малтретирање на претставник на судската власт од тимот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Она што го добива е прераскажан случај на наводна уцена на неименуван судија од вработен во Специјалното јавно обвинителство, кој се повикува на анонимен извор. Линк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: И судија бил жртва на малтретирање од тимот на Катица Јанева Датум и време на објавување: 03.02.2016 – 14:26 Датум на рецензирање: 04.02.2016 Рецензент: Југослава Дуковска  

АНОНИМНИ ИЗВОРИ, НЕПОТКРЕПЕНИ ТВРДЕЊА

Прво прашање што се наметнува

Три чекори за да се упропасти текст

на 4. 02. 2016 | |

[Рецензија: Волјата на Македонија клучна за фотелјата на Меркел]

  Како да упропастите новинарски текст во три-четири чекори? Постојат многу начини, но во случајот на медиумската содржина што ја рецензираме, тоа е направено со пристрасност и со непотребно контекстуализирање низ придружните елементи на тектсот –  фотографиите, илустрацијата и мапата. Инаку, од аспект на текстуалната содржина и не би можеле да се најдат некои посериозни забелешки. Текстот се повикува на сторија објавена во германски „Билд“, меѓутоа освен името на авторот, нема линк до изворниот текст. Тоа е едно од елементарните правила на интернет-платформите заради потврдување на веродостојноста на пренесената содржина. Без почитувањето и имплементацијата на тоа правило, читателот може да си постави легитимно прашање дали пренесената содржина е автентична и сеопфатна

Напис за политичка пресметка

на 4. 02. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Како Јанева процени дека треба да го ослободи Верушевски ако немала увид во предметот?]

  Еден од основните постулати на новинарската професија е почитување на вистината и на правото на јавностa да биде објективно информирана. Во текстот што го рецензираме  е целосно искривена реалната слика за тоа кој, како и зошто во очи Нова година (2016) го ослободил од притвор поранешниот шеф на УБК, Зоран Верушевски.
Самиот наслов: „Како Јанева процени дека треба да го ослободи Верушевски ако немала увид во предметот?“ ја открива намерата да се дискредитира специјалната јавна обвинителка. Линк до оригиналниот напис: Како Јанева процени дека треба да го ослободи Верушевски ако немала увид во предметот? Датум и време на објавување: 02.02.2016 15:34 Датум на

Погрешен наслов

на 4. 02. 2016 | | sq

[Рускиот јазик сè уште главен странски јазик во Бугарија и балтичките држави]

  Текстот во содржинскиот дел пренесува точни статистички податоци. Но, тие во насловот се лошо интерпретирани и е изведен погрешен заклучок. Доколку читателот го види само насловот, ќе добие погрешна информација и ќе оформи сосема искривена слика дека рускиот е доминантен странски јазик во Бугарија и во балтичките држави. Линк до оригиналниот напис: Рускиот јазик сè уште главен странски јазик во Бугарија и балтичките држави Датум и време на објавување: 01.02.2016, 13:26 Датум на рецензирање: 03.02.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

УПРОПАСТЕНА ВЕСТ

„Бугарија, Естонија, Летонија и Литванија се единствените држави во ЕУ, каде што рускиот јазик се изучува како втор странски јазик во училиштата, покажуваат податоците на Евростат,

Манипулативна медиумска „каша“

на 4. 02. 2016 | |

[Функционер на партијата признава: Сите набљудувачи на МОСТ беа од СДСМ]

Пред нас е текст во кој не е скриена намерата да се изнесуваат невистини. Целта на неговото објавување не е да информира туку да оцрни и по цена да дезинформира. Поточно, под превезот на информација се крие напад врз организацијата за набљудување на изборите, невладината „Мост“ и нејзино дискредитирање во пресрет на предвремените парламентарни избори, поради тоа што нејзини претставници се залагаат за избори со прочистен избирачки список.
Овој напис се потпира на изјава на некогашен функционер на Социјалдемократскиот сојуз од Охрид, Владо Чингоски, дадена неодамна на една јавна трибина, но намерно се вади од контекст само тој дел што може да се употреби во функција на дискредитација на

АПСУРД: Од 13 институции, видлива само една!

на 4. 02. 2016 | | sq

[АПСУРД: СДСМ бара ако не сте биле на лекар да не може да гласате на избори]

  Овој напис е полувистина,  која,  инаку,  најлесно се спинува. Во конкретниот случај се користи одлуката на Државната изборна комисија од 20 јануари 2016 година, која се однесува на вкрстување на податоците од 13 институции при проверка на избирачкиот список, но тука се третира само еден нејзин сегмент. Згора на сè, тоа во текстот се прикажува како апсурдно барање на СДСМ! Линк до оригиналниот напис: АПСУРД: СДСМ бара ако не сте биле на лекар да не може да гласате на избори Датум и време на објавување: 01.02.2016,14:36 Датум на рецензирање: 02.02.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ОД РАКАВ ИСТРЕСЕН КОМЕНТАР

Текстот почнува со паушален, од

Зошто ски-центарот Кожуф зјае празен?

на 4. 02. 2016 | |

[Никој не ужива во снежната убавина на ски-центарот „Кожуф“]

  Текстот што е предмет на рецензија е сеопфатен и ја прикажува фактичката состојба на ски-центарот Кожуф. Насловот ја констатира реалната ситуација и таа во содржинскиот дел на написот е поткрепена со факти. Фотографиите со кои е илустриран овој материјал го дополнуваат впечатокот дека не е искористена убавината што ја нуди овој скијачки центар. Линк до оригиналниот наслов: Никој не ужива во снежната убавина на ски-центарот „Кожуф“ Датум и време на објавување: 28.1.2016 Датум на рецензија: 3.2.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

СОЛИДНА РЕПОРТАЖА

Воведниот дел на текстот укажува дека и покрај тоа што има услови за скијање, сепак ски-ценатрот е празен, туристи нема, а ски-лифтовите и жичарниците се запрени веќе неколку

Бајата информација подметната како „тазе“ вест

на 3. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Видео: Граѓанска војна беснее во Шведска – Запалени девет кампови на мигрантите]

  Сензационализам пред сè, тоа е слоганот што го води овој текст. Исклучително „бомбастична“ насловна конструкција, предизвикувачка фотографија и ете повеќе кликнувања. Но, за жал, практиката покажува дека генерирањето многу посети не секогаш оди правопропорционално со квалитетот на одреден материјал. Така е и во овој случај. Линк до оригиналниот напис: Видео: Граѓанска војна беснее во Шведска – Запалени девет кампови на мигрантите Датум и време на објавување: 01.02.2016   10:56 Датум на рецензирање: 02.02.2016  Рецензент: Владимир Мирчески   

ТРИ МЕСЕЦИ СТАРА ВЕСТ

  •  НЕВИСТИНА БР.1
ДЕФИНИЦИЈА: Граѓанска војна е „војна меѓу спротивставени групи на граѓани од една иста држава.“ Оттука, нападите на шведски националисти, што подразбира дека се државјани на

Лесно е да се напаѓа без да се праша втората страна

на 3. 02. 2016 | | sq

[Ременски закочи уште еден проект на МТСП]

Ова е еден несеопфатен и едностран текст, кој има цел да ја дискредитира министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски. Во написот нема евидентирани извори, што веднаш ја става под прашалник неговата вистинитост. Линкуван наслов на анализираниот напис: Ременски закочи уште еден проект на МТСП Датум и време на објавување: 01.02.2015  Датум на рецензирање: 02.02.2015 Рецензент: Ана Анастасовска  

КРИТИЗЕРСКО ЧЕТИВО

Метријалот што го рецензираме на самиот почеток ја критикува министерката Ременски дека закочила веќе постоечки проект на ресорното министерство. „Уште еден проект на министерството за труд и социјална политика е оневозможен од техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски од СДСМ… Министерството за труд и социјална политика преку ангажирана

Презумцијата на невиност не смее да се заборави

на 3. 02. 2016 | |

[Рецензија: ФОТО: Зоран Заев – магнет за криминалци]

  Текстот што го рецензираме се потпира на неофицијални информации, за наводни криминални дејства на луѓе што биле во близина на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но во него нема никаква поткрепа за тоа. И покрај тоа што се напаѓа Заев, во написот нема негова изјава, а нема индиција ниту дека за тоа е побаран став од него или од партијата. Линк на оригиналниот напис: ФОТО: Зоран Заев – магнет за криминалци Датум и време на објавување: 29.01. 2016,10:17 Датум на рецензирање: 01.02.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ИЗВРТУВАЊЕ ТЕЗИ

Прво што мора да се каже за овој текст е дека не се почитува презумцијата на невиност. Во новинарството мора да се знае