verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Зошто ски-центарот Кожуф зјае празен?

on 4 - 02 - 2016       

Kozufjpg 11

[Никој не ужива во снежната убавина на ски-центарот „Кожуф“]

 

Текстот што е предмет на рецензија е сеопфатен и ја прикажува фактичката состојба на ски-центарот Кожуф. Насловот ја констатира реалната ситуација и таа во содржинскиот дел на написот е поткрепена со факти. Фотографиите со кои е илустриран овој материјал го дополнуваат впечатокот дека не е искористена убавината што ја нуди овој скијачки центар.

Kozuf,jpgЛинк до оригиналниот наслов: Никој не ужива во снежната убавина на ски-центарот „Кожуф“

Датум и време на објавување: 28.1.2016

Датум на рецензија: 3.2.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

СОЛИДНА РЕПОРТАЖА

Воведниот дел на текстот укажува дека и покрај тоа што има услови за скијање, сепак ски-ценатрот е празен, туристи нема, а ски-лифтовите и жичарниците се запрени веќе неколку години. Написот дава и одговор зошто тоа е така и кои се причините за таквата состојба на Кожуф.

„Сè уште нема струја, но до таму и не може да се стигне бидејќи патот што води до центарот е непрооден од снегот. Никој не го чисти.“

Изјава на официјално лице го потврдува проблемот со непристапност до теренот и притоа прстот се вперува кон надлежните, кои се одговорни за решавање на истиот. На тој начин се укажува на недоволната грижа за овој патен правец, за кој државата потрошила големи пари. Се бара одговор зошто  проблемот не е решен.

„Тешко се стигнува до центарот. Викендов дојдовме со моторни санки. Патот на повеќе места е со снег и мраз. Воопшто не е интервенирано за негово расчистување. Официјално овој пат е затворен за сообраќај. Била формирана комисија од надлежни институции кои деновиве ќе правеле процена дали патот може да биде ставен во функција, ни рече Ангел Наков, извршен директор на компанијата „Ски Кожуф“.“

Текстот ги прикажува и проблемите со кои се соочуваат засегнатите страни од ваквата состојба со ски-центарот, а тоа се сопствениците на имот.

„За да почнеме да градиме мора да се создадат услови за тоа, мора да имаме струја, но и патот да биде прооден редовно. Иако помина подолг период, а центарот се’ уште не проработи како што е замилено, не ја губиме надежта дека еден ден овој скијачки центар ќе биде македонска гордост“, велат сопственици на градежни парцели на Кожув.“

Во написот се прави споредба со зимскиот туризам во Бугарија, со интенција да се укаже дека поради ваква негрижа за ски-центар кој има голем потенцијал, најмногу губи државата. Колку за споредба, Македонија лани ја посетиле 25.000 туристи од Бугарија, а во Бугарија престојувале 470.000 Македонци.

Исто така, се изнесуваат податоци за географската положба на местото, оддалеченост од другите поголеми градови, временски период на задржување на снегот што го прави Кожуф одличен за развој на туризмот. Материјалот потсетува кога почна реализацијата на овој проект, кога профункционира ски-центарот, најавите за нови инвестиции, и како се случи капацитетите да зјаат празни. Па, гледано во целина, на читателите им е понудена солидна репортажа за ски-центарот „Кожуф“, во чија снежна убавина, за жал, никој не ужива.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести