verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Бајата информација подметната како „тазе“ вест

on 3 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

deneshen 11

[Рецензија: Видео: Граѓанска војна беснее во Шведска – Запалени девет кампови на мигрантите]

 

Сензационализам пред сè, тоа е слоганот што го води овој текст. Исклучително „бомбастична“ насловна конструкција, предизвикувачка фотографија и ете повеќе кликнувања. Но, за жал, практиката покажува дека генерирањето многу посети не секогаш оди правопропорционално со квалитетот на одреден материјал. Така е и во овој случај.

aaaЛинк до оригиналниот напис: Видео: Граѓанска војна беснее во Шведска – Запалени девет кампови на мигрантите

Датум и време на објавување: 01.02.2016   10:56

Датум на рецензирање: 02.02.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

  

ТРИ МЕСЕЦИ СТАРА ВЕСТ

  •  НЕВИСТИНА БР.1

ДЕФИНИЦИЈА: Граѓанска војна е „војна меѓу спротивставени групи на граѓани од една иста држава.“

Оттука, нападите на шведски националисти, што подразбира дека се државјани на Шведска, врз кампови во кои се или треба да се прифатат бегалци, инаку државјани на други држави, не е и не може, ама баш во никој случај, да се нарече „граѓанска војна“. Излив на насилство, нетрпеливост кон странци, ксенофобија – да, ама не и граѓанска војна. Но, затоа може да се каже дека е школски пример за сензационализам во информирањето.

Сензационализмот е форма на уредувачка пристрасност во медиумите, при што настаните и темите во информативните приказни се засилени за да прикажат пристрасен впечаток за настан што може да доведе до манипулација на неговата вистина.

Ако не беше доволноа јасно, тогаш да повториме. Во Шведска не се случува граѓанска војна.

  • НЕВИСТИНА БР.2

Материјалот е придружен со видеозапис преземен од „Некст нуз нетворк“ (The next news network), во кој репортерот зборува за палење на девет бегалски кампови во Шведска. Убаво, демек, има извори на кои се повикува ова сензационалистичко четиво, ама тие извори објавиле за настан што датира од 3 ноември минатата година и тоа убаво си го пишува на видеозаписот објавен на „Јутјуб“!

untitled

Значи, информација стара три месеци на домашната публика ѝ се пласира како нова, актуелна, свежа… Катастрофа!

Уште пострашно. Овој портал не бил единствениот што ја згрешил работата, уште неколку слични го сториле истото.

Бајата информација „подметната“ како тазе вест, невистинитост, сензационализам… Катастрофален производ што само ја контаминира јавноста со неквалитет.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

бајати

точни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија од стар настан

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести