verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Напис за политичка пресметка

on 4 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Како Јанева процени дека треба да го _ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_k 11

[Рецензија: Како Јанева процени дека треба да го ослободи Верушевски ако немала увид во предметот?]

 

Еден од основните постулати на новинарската професија е почитување на вистината и на правото на јавностa да биде објективно информирана. Во текстот што го рецензираме  е целосно искривена реалната слика за тоа кој, како и зошто во очи Нова година (2016) го ослободил од притвор поранешниот шеф на УБК, Зоран Верушевски.
Самиот наслов: „Како Јанева процени дека треба да го ослободи Верушевски ако немала увид во предметот?“ ја открива намерата да се дискредитира специјалната јавна обвинителка.

Како Јанева процени дека треба да го _ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_kЛинк до оригиналниот напис: Како Јанева процени дека треба да го ослободи Верушевски ако немала увид во предметот?

Датум и време на објавување: 02.02.2016 15:34

Датум на рецензирање: 02.02.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

ЗАМЕНА НА ТЕЗИ

Текстот коинцидира со општата хајка која се води против Јанева и тој не се заснова на вистината, туку прави замена на тези. Притоа, Јанева се обвинува дека без претходно да го проучи случајот на Верушевски и без увид во овој предмет, проценила дека првоосомничениот во случајот „Пуч“ треба да се брани од слобода.

„Како Јанева доколку до сега немала увид во овој предмет, процени дека првоосомничениот во случајот „Пуч“ Зоран Верушевски треба да се брани од слобода, што дополнително фрла сенка врз и така огромниот сомнеж со одлуката за ослободување на Верушевски. Како специјалната јавна обвинителка Катица Јанева процени дека првоосомничениот во случајот „Пуч“ Зоран Верушевски не треба да биде повеќе во притвор ако немала увид во овој предмет?“

Веднаш да разјасниме. Јанева ниту правела процена, ниту го ослободила од притвор Верушевски, ниту, пак, тоа е во нејзината надлежност. Таа пред Нова година (2016), откако го презела случајот „Пуч“, предложила Верушевски да биде ослободен со кауција и да му биде определана мерка домашен притвор.
Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1-Скопје донел решение со кое му се укинува притворот на поранешниот директор на УБК. Кривичниот совет имаше доставено и дополнително барање до обвинителството за комплетирање на документацијата пред донесувањето на конечната одлука за укинување на притворот.

 

СИЛНА ПРИСТРАСНОСТ

Написот е силно пристрасен и во завршниот дел:

„Сопругата на Верушевски, Соња, практично откри дека Заев е нарачателот, а Јанева е само марионета во рацете на Заев која ги исполнува неговите наредби.“

Ваквата констатација се базира единствено на ФБ-статус на сопругата на Верушевски. Текстот не нуди релевантни докази за да ги поткрепи изнесените тврдењата, туку е фокусиран да го урне угледот на специјалната обвинителка.

Оваа медиумска содржина свесно се впушта во политичко партиска пресметка и зазема страна. Тоа е спротивно на етичките и професионални принципи кои, меѓу другото, подразбираат ивестувањето од политичките процеси, особено од изборите да биде непристрасно и избалансирано, а новинарот да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти (амандман 14).

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни,

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести