verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Погрешен наслов

on 4 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Рускиот-јазик-се-уште-главен-странски-јазик-во-Бугарија-и-балтичките-држави 11

[Рускиот јазик сè уште главен странски јазик во Бугарија и балтичките држави]

 

Текстот во содржинскиот дел пренесува точни статистички податоци. Но, тие во насловот се лошо интерпретирани и е изведен погрешен заклучок. Доколку читателот го види само насловот, ќе добие погрешна информација и ќе оформи сосема искривена слика дека рускиот е доминантен странски јазик во Бугарија и во балтичките држави.

Рускиот јазик се уште главен странски јазик во Бугарија и балтичките државиЛинк до оригиналниот напис: Рускиот јазик сè уште главен странски јазик во Бугарија и балтичките држави

Датум и време на објавување: 01.02.2016, 13:26

Датум на рецензирање: 03.02.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

УПРОПАСТЕНА ВЕСТ

„Бугарија, Естонија, Летонија и Литванија се единствените држави во ЕУ, каде што рускиот јазик се изучува како втор странски јазик во училиштата, покажуваат податоците на Евростат, кои денеска ги презентираше пред Европската комисија.“

Написот го објавила новинската агенција МИА, а во него се пренесуваат податоците што ги презентирала статистичката агенција на Европската унија, Евростат.

Во материјалот на Евростат се презентирани податоци за тоа колку странски јазици се изучуваат во земјите од ЕУ и во кои од нив најмногу се изучува рускиот јазик. Статистичката агенција посочува колкав е процентуално бројот на лица што го изучуваат рускиот јазик како втор јазик, но во ниту еден дел не се наведува дека тој е главен јазик на изучување.

Според презентираните податоци, во Бугарија само 17 отсто од учениците го изучуваат рускиот и тоа како втор јазик, додека како прв јазик се изучува англискиот и тоа повеќе од 80 отсто од учениците. Од ова може да се заклучи дека рускиот не е ниту најизучуван, ниту главен странски јазик.

Веста од МИА е коректно пренесена и без никакви интервенции, односно во целост. Изменет е само насловот на оригиналната вест, кој, пак, е сосема во ред: „Бугарија и балтичките држави единствени во ЕУ кои рускиот го изучуваат како втор странски јазик“.

Во написот што го рецензираме, пак, поради брзање или невнимание, е направен лош избор на насловната конструкција. И со тоа, практично, е упропастена веста, бидејќи со ваквиот наслов во јавноста  се пласира неточна информација.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

неточна информација

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести