verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

АПСУРД: Од 13 институции, видлива само една!

on 4 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

http___press24.mk_apsurd-sdsm-bara 11

[АПСУРД: СДСМ бара ако не сте биле на лекар да не може да гласате на избори]

 

Овој напис е полувистина,  која,  инаку,  најлесно се спинува. Во конкретниот случај се користи одлуката на Државната изборна комисија од 20 јануари 2016 година, која се однесува на вкрстување на податоците од 13 институции при проверка на избирачкиот список, но тука се третира само еден нејзин сегмент. Згора на сè, тоа во текстот се прикажува како апсурдно барање на СДСМ!

http___press24.mk_apsurd-sdsm-baraЛинк до оригиналниот напис: АПСУРД: СДСМ бара ако не сте биле на лекар да не може да гласате на избори

Датум и време на објавување: 01.02.2016,14:36

Датум на рецензирање: 02.02.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ОД РАКАВ ИСТРЕСЕН КОМЕНТАР

Текстот почнува со паушален, од ракав истресен коментар:

„Ако во последните 3 години не сте биле на редовна контрола на стоматолог или не сте купиле лекови од аптека, СДСМ смета дека не треба да ве има во Избирачкиот список.“

Вистината е дека од Државната изборна комисија (ДИК) се побарани информации за луѓето што користеле „Мој термин“. Но, не се побарани податоци само од Министерството за здравство (односно „Мој термин“), туку, како што соопшти ДИК,  при вкрстеното споредување на податоците ќе се користат базите на 13 институции, а не, како што се тврди во оваа објава, дека со податоците од лекарски и од стоматолошки прегледи (!), наводно, ќе се прочистува избирачкиот список. И истата спинерска порака, намерно е извлечена во насловот:

„АПСУРД: СДСМ бара ако не сте биле на лекар да не може да гласате на избори“

Затскривајќи се, пак, зад воопштената формулација „познавачите“, текстот манипулира дека СДСМ со ваквиот потег  прави опструкции на процесот на чистење на Избирачкиот список,  при што, неименуваните експерти укажуваат дека:

 „На Државната Изборна Комисија на располагање и стојат базите нa податоци на 10 институции меѓу кои и Фондот за здравство.“ 

Меѓутоа, ваквото „укажување“ на виртуелните аналитичари е сосема непотребно, ако се знае дека ДИК веќе донесе одлука да се користат податоците од 13 институции. Но, очигледно е дека оваа медиумска содржина намерно ја игнорира споменатата  информација (одлуката на ДИК). Дополнително, написот имал потреба да нагласи и дека:

„…лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски вчера ги повика надлежните институции за спроведување на изборите да работата во интерес на граѓаните. Потсети дека двете клучни институции, ДИК и МВР се под контрола на кадри на СДСМ, па според тоа, пречистувањето и динамиката на овој процес е комплетно во нивни раце.“

Зошто е тоа така, не е тешко да се претпостави. Впрочем, видливо е дека идејата на написот не била да се пренесе точна и прецизна информација, онака како што налагаат стандардите на професионалното новинарство, туку да ја оцрни опозицијата и во јавноста да креира слика што оди во прилог на власта.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести