Рецензии

Новинарството е на страната на народот, не треба да биде против него!

на 11. 02. 2016 | | sq

 

Напис: Пола Арачиново на нозе за Заев, Албанците се посрамотија

Скопје, 28 Јануари -Стотици жители Албанци од село Арачиново, Скопско во центарот на селото го пречекаа лидерот на опозициската партија на Македонците, Зоран Заев. Во свечена атмосфера и со френетичен аплауз се пречека Зоран Заев, како една голема личност на албанскиот народ.   Неофицијално, Журнал дознава дека поголемиот дел на тие што го пречекаа Заев, биле дел од поранешната структура на ДПА на чело со Мендух Тачи. Центарот на Арачиново беше блокиран од сите страни и десетици Албанци почнаа да извикуваат „Заев, ти си спасител“. Фотографијата која ја објавил Заев на неговиот профил на Фејсбук, кажува јасно за присуството на жителите на Арачиново, кои ја покажаа својата лојалност кон лидерот

Недостигот од етика, стратегија за непрофесионалност

на 11. 02. 2016 | | sq

Напис: Стратегијата на Ким Мехмети со  која и тоалетот ќе го претвори во негова национална кауза

Дали  Ким Мехмети е вистинската политичка фигура за да биде врховен портпарол на албанските незадоволства во Македонија? Тој оваа улога ја игра веќе долго време без да му ја додели никој, но секогаш покриен со ореолот на бунтовничкиот писател. Но, никогаш не објасни како настана оваа бунтовност кај него, и дали е навистина во неговат природа да ја брани националната кауза на Албанците во Македонија, или има нешто друго што пошироката јавност не го знае. Ким Мехмети не лежел ниту една минута затвор за да биде прогонет, а ниту пак, бил забранет како писател за да биде дисидент. Неговото враќање се случи по 2001

Од петни жили се брани формирањето на новиот универзитет

на 11. 02. 2016 | |
   

[СДСМ со тешки опструкции: Насилно спречуваат формирање на универзитет за национална безбедност]

  Каде се втората страна, содржајноста, објективноста во овој текст? Такво нешто тука нема. Па, како тогаш можеме да зборуваме за професионален производ кога ги игнорира овие најбитни моменти за една информација. Линк до оригиналниот напис: СДСМ со тешки опструкции: Насилно спречуваат формирање на универзитет за национална безбедност Датум и време на објавување: 7.02. 2016, 11:00 Датум на рецензирање: 08.02.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

А КАКВИ АМАНДМАНИ ПОДНЕЛА ОПОЗИЦИЈАТА?

Написот што го рецензираме е коментаторски скроен и ја турка тезата дека СДСМ сака да предизвика нова политичка криза. „Тие не сакаат да се донесе одлука и да се формира универзитетот со цел да се предизвика нова

Нула текст – полуразголена објава!!!

на 11. 02. 2016 | | sq

[ГАЛЕРИЈА: Отидов на предавање на факултет – не ми се одеше дома]

  Ниту информација, ниту причина, ниту последица, ниту начнување прашање, ниту нудење одговор, ниту саглам текст, ниту професионален ангажман… Тривијалност,  сеназционализам, безидејност. Ова е една голема нула со полуразголени елементи!!!  Линк до оригиналниот напис: ГАЛЕРИЈА: Отидов на предавање на факултет – не ми се одеше дома  Датум и време на објавување:  Датум на рецензирање: 07.02.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

 „ПОДВЕЗИЦИ“, ДЕКОЛТЕА И ВИСОКИ ПОТПЕТИЦИ

 Овде новинарство нема, а рецензијата е заслужена затоа што бучкушуров од фотки од полуразголени девојки којзнае од каде собрани е „протнат“ како легитимна информација. Оваа објава ги преминува границите, материјали од типот „зграпчи го денот“ и „девојки на денот“, не смеат да се мешаат со

Математичките импровизации на јавниот функционер

на 10. 02. 2016 | | sq

[Поповски: Не одете на Запад, по 600 работни места се отвoраат секој ден во Македонија]

  Дека математиката е лесна дисциплина, постојано нè уверувале наставниците и професорите од основно училиште па натаму. Само што, треба да се вежба. Некои присутни на манифестацијата од која известува овој прилог, за жал, тоа не го направиле. Иако е, нели, неодговорно кога јавни функционери, кои имаат посебна одговорност за јавно изговорен збор, не вежбале доволно или, пак, сметаат дека некогаш одредени математички импровизации нема кој да ги провери? Брзата и луцидна реакција во веста пред нас,  која е испратена од самиот настан, посебно наиде на добар одек на социјалните мрежи. Тоа, во принцип, и ја потврдува блискоста меѓу прилозите кои одат на интернет (оваа

СДСМ со двајца членови „магично“ доминира во ДИК!

на 8. 02. 2016 | | sq

 [„Курир“: СДСМ ја потврди доминацијата во ДИК]

Во овој коментаторски и манипулативен напис се изнесува обвинение дека ДИК работи под директива на СДСМ,  иако за тоа во текстот не е понудена соодветна аргументација. Текстот натежнува од тенденциозни забелешки за отфрлањето на претставките на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, како неповрзани со изборите. Линк до оригиналниот напис: „Курир“: СДСМ ја потврди доминацијата во ДИК Датум и време на објавување: 07.02.2016, 15:49 Датум на рецензирање: 07.02.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

КОЈ КОГО НАДГЛАСАЛ?

Написот (кој е преземен од друг медиум и соодветно e линкуван), има цел да ја дискредитира работата на Државната изборна комсија (ДИК), чии членови беа избрани според Договорот од Пржино, кој беше потпишан од четирите најголеми политички

Броење кликнувања и новинарство – има разлика!

на 7. 02. 2016 | | sq

[Спектакуларно: Црвено небо над Македонија – на што предупредува оваа појава?]

  Оваа објава напишана во сензационалистички манир има прилично дискутабилна веродостојност. Провокативниот наслов навестува некакво спектакуларно предупредување, а внатре во текстот ни открива дека до крајот на февруари ќе има ниска температра и силна зима! Но, во содржината на веста не може да се прочита ниту еден елемент на кој би се потпрела  „стручната прогноза“: „црвено небо – студена зима“! Линк до оригиналниот напис: Спектакуларно: Црвено небо над Македонија – на што предупредува оваа појава? Датум и време на објавување: 3.02.2016, 09:14 Датум на рецензирање: 05.02.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

„СТРУЧНА ПРОГНОЗА“: ЦРВЕНО НЕБО – СТУДЕНА ЗИМА!

Да одиме по ред. Носечкиот елемент на материјалот што го рецензираме е

Игнорирана важна компонента во приказната

на 5. 02. 2016 | |

[Рецензија: Конструктивна средба меѓу Владата и новинарите – ако законот се менува нека се усвои од ЕУ]

  Нецелосна вест, селективна во нејзината суштина што се одразува и на содржината која е „кородирана“, бидејќи е игнорирана важна алка во настанот. Намерното и своеволно изземање на најстарото и најзначајното новинарско здружение од приказната за преговорите за медиумите е доказ и за пристрасноста на материјалот.  Линк до оригиналниот напис: Конструктивна средба меѓу Владата и новинарите- ако законот се менува нека се усвои од ЕУ Датум и време на објавување: 02.02.2016, 19:22  Датум на рецензирање: 05.02.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

ЗНМ МОЖЕ ДА НЕ ГО САКАТЕ, АМА НЕ И ДА ГО НЕГИРАТЕ НЕГОВОТО ПОСТОЕЊЕ

Станува збор за настан составен од три компоненти – средби

Шпекулација и манипулација во низа

на 5. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Заев јавно го потврди заедничкиот план со Катица Јанева]

  Ако новинарската сторија што ја рецензираме беше направена според професионалните и етички стандарди и со врвните принципи за точност, вистинитост и поткрепеност со извори, оваа медиумска содржина ќе се сметаше за „фолоуап“ или за сторија во низа. Но, оваа приказна продолжува да „вози“ крајно импровизирачки и со ништо непоткрепена теза, па затоа таа наместо сторија во низа, вусшност, е шпекулација и манипулација во низа. Тезата за заедничкиот план искован од Зоран Заев и од Катица Јанева веќе ја оценивме како фикција. Ништо од принципите на членот 1 од Кодексот на новинарите нема во таа конструкција. Приказната е сплетена како да се работи за апсолутни факти, а за тоа нема

„Бајати“ изјави извадени од контекст

на 5. 02. 2016 | | sq

 

[Визијата на СДСМ за администрацијата: Смени и бркање од работа]

  Целта на овој текст е да се оцрни опозицијата и да се влее страв меѓу народот, а особено помеѓу вработените во администрацијата дека ако СДСМ дојде на власт, ќе бидат избркани од работа. Крајната цел на написот е да ги убеди читателите да не гласаат за опозицијата. Линк до оригиналниот напис: Визијата на СДСМ за администрацијата: Смени и бркање од работа Датум и време на објавување: 31.01.2016 13:48 Датум на рецензирање: 03.02.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

МАНИПУЛАТИВЕН НАМЕНСКИ ТЕКСТ

Текстот кој е преземен од друг медиум (тоа е наведено, само не е ставен линкот), е целосно едностран и коментаторски. Со стари нецелосно пренесени изјави, извадени од контекст и