verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шпекулација и манипулација во низа

on 5 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

02052016-Vecer-Zaev-i-Katic 11

[Рецензија: Заев јавно го потврди заедничкиот план со Катица Јанева]

 

Ако новинарската сторија што ја рецензираме беше направена според професионалните и етички стандарди и со врвните принципи за точност, вистинитост и поткрепеност со извори, оваа медиумска содржина ќе се сметаше за „фолоуап“ или за сторија во низа.

Но, оваа приказна продолжува да „вози“ крајно импровизирачки и со ништо непоткрепена теза, па затоа таа наместо сторија во низа, вусшност, е шпекулација и манипулација во низа.

Тезата за заедничкиот план искован од Зоран Заев и од Катица Јанева веќе ја оценивме како фикција. Ништо од принципите на членот 1 од Кодексот на новинарите нема во таа конструкција. Приказната е сплетена како да се работи за апсолутни факти, а за тоа нема никакви ниту докази, ниту, пак, навестувања дека има докази кои ѝ се познати на редакцијата.

02052016-Vecer-Zaev-i-KaticЛинк до оригиналниот напис: Заев јавно го потврди заедничкиот план со Катица Јанева (ВИДЕО)

Датум и време на објавување: 01.02.2016, 11:54

Датум на рецензирање: 03.02.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ПРИСТРАСНО ТОЛКУВАЊЕ ИЗЈАВИ

Овојпат на таа приказна приредувачите на фикцијата ги надоврзуваат изјавите на Заев од некоја јавна дебата, на која тој изразил општи заклучоци.

Како може на такви изјави да се изведе заклучок дека Заев јавно потврдил дека постои заеднички план меѓу него и Јанева?!

Всушност, ајде да видиме од кои изјави е изведен ваков заклучок – потврда за тајниот план:

„Не само што има формирано јавно обвинителство, тоа обвинителство ќе испорача наредби за истраги, обвинителни акти и дај Боже притвори за овие криминалци што ја водат држвата, изјави Заев.“

Што од оваа изјава потврдува дека има заговор подготвен од Заев и од Јанева? Ништо!

Или од оваа изјава:

„Чекам резултати. Јас се борев заедно со вас за ова Специјално обвинителство, е сега резултатите ќе се испорачаат и тоа ќе има влијание врз изборите, рече Заев.“

Дали тука има потврда? Нема! Сосема јасно изразено очекување од работата на Специјалното обвинителство, кое го делат еден сериозен дел од граѓаните на Република Македонија.

Ете, затоа можеме да заклучиме дека оваа медиумска содржина е претурање од шупливо во празно, со единствена цел – пристрасно толкување изјави заради политичко приклонување.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести