verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Бајати“ изјави извадени од контекст

on 5 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Визијата на СДСМ за администрацијата_ _ - http___www.press24.mk_vizijata-na- 11

[Визијата на СДСМ за администрацијата: Смени и бркање од работа]

 

Целта на овој текст е да се оцрни опозицијата и да се влее страв меѓу народот, а особено помеѓу вработените во администрацијата дека ако СДСМ дојде на власт, ќе бидат избркани од работа. Крајната цел на написот е да ги убеди читателите да не гласаат за опозицијата.

Визијата на СДСМ за администрацијата Смени и бркање од работа Press24Линк до оригиналниот напис: Визијата на СДСМ за администрацијата: Смени и бркање од работа

Датум и време на објавување: 31.01.2016 13:48

Датум на рецензирање: 03.02.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

МАНИПУЛАТИВЕН НАМЕНСКИ ТЕКСТ

Текстот кој е преземен од друг медиум (тоа е наведено, само не е ставен линкот), е целосно едностран и коментаторски. Со стари нецелосно пренесени изјави, извадени од контекст и со ставови на луѓе кои не се во првата постава на СДСМ, направен е текст со кој најдиректно се обвинува опозицијата дека планира да брка луѓе од работа, доколку ја освои власта.

Изјавата на Заев „ќе јадеме живи луѓе“ која што се користи во написот  е кажана пред пет години, односно декември 2010 година, кога Заев не беше лидер на СДСМ, туку потпретседател на партијата.

Во написот не е објавена реакцијата на Заев во која тој вели дека снимката е изрежирана и намонтирана.

„Во целост ги демантирам и отфрлам ваквите секвенци од мојот настап во Валандово заради тоа
што претставуваат флагрантно вадење од контекст. Со бришењето и непуштањето на речениците
пред и по објавените секвенци на зборовите од мојот настап, апсолутно е изрежирано и
измонтирано сценарио кое има цел исклучиво создавање лоша слика за мене и за мојата партија.“

Исто така, испуштена е и изјавата на Заев, дадена на 19. конгрес на СДСМ пред два месеца, во која тој вели дека административните службеници нема да бидат бркани од работа, а каде што има превработеност ќе има реорганизација по претходно направени анализи. 

Како поткрепа на тезата што ја турка овој наменски скроен материјал, употребена е и изјава од професорот Љубомор Фрчковски, кој е поранешен министер за внатрешни работи во повеќе влади предводени од СДСМ, како и претседателски кандидат од СДСМ (2009 година). Но, тој во моментот нема никаква функција во партијата и неговата изјава не може да се третира како став на СДСМ.

Иако социјалдемократите за претстојните парламентарни избори имаат програма „Визијата за Македонија“, која се темели на пет столбови, сепак,  во текстот намерно се претставува дека „Визијата на СДСМ“, всушнот, е  да  се отпуштаат вработени во државните институции.  Дополнително, оваа објава без аргументи и докази дава оцена за кадрите кои СДСМ, наводно, планирале да ги отпуштат, а и на оние кои сакаат да ги вработат. И со една таква перцепција, едните се прикажуваат како способни, а другите како партиски војници.

Издржан новинарски продукт не смее да манипулира со стари изјави и да ги вади од контекстот во кои се дадени. Ниту, пак, смее да зазема страна и да ја спинува вистината во корист на одредена политичка опција, во конкретниот случај – владејачката.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести