verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Игнорирана важна компонента во приказната

on 5 - 02 - 2016       

1111 press 24

[Рецензија: Конструктивна средба меѓу Владата и новинарите – ако законот се менува нека се усвои од ЕУ]

 

Нецелосна вест, селективна во нејзината суштина што се одразува и на содржината која е „кородирана“, бидејќи е игнорирана важна алка во настанот. Намерното и своеволно изземање на најстарото и најзначајното новинарско здружение од приказната за преговорите за медиумите е доказ и за пристрасноста на материјалот.

 1111Линк до оригиналниот напис: Конструктивна средба меѓу Владата и новинарите- ако законот се менува нека се усвои од ЕУ

Датум и време на објавување: 02.02.2016, 19:22

 Датум на рецензирање: 05.02.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ЗНМ МОЖЕ ДА НЕ ГО САКАТЕ, АМА НЕ И ДА ГО НЕГИРАТЕ НЕГОВОТО ПОСТОЕЊЕ

Станува збор за настан составен од три компоненти – средби на премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, со Македонската медиумска асоцијација, со Македонската асоцијација на новинари (МАН) и со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Темата на разговори е исклучително значајна, обид за затворање на едно од клучните прашања – медиумската сфера, која сама по себе е еден од показателите за степенот на демократските процеси во земјава.

Убаво, но ако од приказната за разговорите за ова прашање го исклучите едниот од трите соговорници на премиерот, а тоа е ЗНМ, тогаш дали зборуваме за кредибилен новинарски производ што треба на публиката да ѝ даде објективен приказ на ситуацијата и на ставовите на главните чинители? Не, апсолутно не! Нејасно е, според кој критериум е решено дека ЗНМ е непотребно во сторијата? Да, го има ставот на Владата, на петте национални телевизии организирани во асоцијација, на поновата новинарска организација, ама каде е позицијата на ЗНМ? Ја нема!

Интересно, во првата реченица текстот наведува дека Димитриев се сретнал со трите новинарски и медиумски здруженија и асоцијации, ама се изнесени мислењата само на две, а она на ЗНМ недостига. Селективност или што?!

Може некому да не му се доапаѓа начинот на кој работи ЗНМ, да не се согласува со неговите позиции, ама тоа во никој случај не дава право туку-така да се отстрани од напис што зборува за процес чиј учесник е токму ЗНМ!

 

ШАРАМ-БАРАМ МАТЕМАТИКА

Друга работа што боде очи е расфрлањето со проценти.

„Во однос на законот за медиуми, Владата смета дека постоечкиот закон е добар, но ако партиите сметаат дека треба промена, тогаш позиција на Владата е дека за неа е прифатлив било кој закон од било која земја-членка на ЕУ.

Оваа позиција на Владата за законот е прифатлива за организациите кои се претставници на 75 отсто од македонските новинари.“

Кои се тие организации што претставуваат 75 отсто од македонските новинари? ЗНМ не е на таа линија, што по аналогија би значело дека во МАН членуваат три четвртини од новинарите во земјава?! Шарам-барам – математика!

Исклучувањето на ЗНМ од написот недвосмилено укажува на пристрасност не само кон МАН, туку и во однос на власта зашто ЗНМ има поинакви ставови од нејзините. Поточно, во целиот напис провејува еден „дух“ на поддршка на позициите на Владата, кои во основа се исти со оние на владејачката партија, за тоа како треба да се реши прашањето за медиумската сфера. Тоа најдобро се гледа од насловната конструкција која е спин на реалната ситуација:

„Конструктивна средба меѓу Владата и новинарите- ако законот се менува нека се усвои од ЕУ“

Тоа го велат од МАН. Позицијата на ЗНМ, која дел од медиумите коректно ја пренеле, а и самото здружение тоа го соопшти е да се прифатат предлозите на меѓународната заедница испорачани преку нејзиниот претставник во процесот, белгискиот олеснувач.

Но, може ли со вакви текстови да ја реформираме медиумската сфера и да ги вратиме стандардите во професијата? Невозможно!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

делумно, зашто е фотографија од само членовите на едната асоцијација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести