verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Математичките импровизации на јавниот функционер

on 10 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

(ВИДЕО) Поповски_ Не одете на Зап_ - http___a1on.mk_wordpress_archives_577210 11

[Поповски: Не одете на Запад, по 600 работни места се отвoраат секој ден во Македонија]

 

Дека математиката е лесна дисциплина, постојано нè уверувале наставниците и професорите од основно училиште па натаму. Само што, треба да се вежба. Некои присутни на манифестацијата од која известува овој прилог, за жал, тоа не го направиле. Иако е, нели, неодговорно кога јавни функционери, кои имаат посебна одговорност за јавно изговорен збор, не вежбале доволно или, пак, сметаат дека некогаш одредени математички импровизации нема кој да ги провери? Брзата и луцидна реакција во веста пред нас,  која е испратена од самиот настан, посебно наиде на добар одек на социјалните мрежи. Тоа, во принцип, и ја потврдува блискоста меѓу прилозите кои одат на интернет (оваа можност ја имаат речиси сите редакции кај нас) и оние корисници кои не се „симнуваат“ од пред персоналецот. За што се работи?

(ВИДЕО) Поповски_ Не одете на Зап_ - http___a1on.mk_wordpress_archives_577210Линк до оригиналниот напис: Поповски: Не одете на Запад, по 600 работни места се отвараат секој ден во Македонија

Датум и време на објавување: 04.02.2016, 13:58

Датум на рецензирање: 05.02.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

РАБОТНИ МЕСТА ЗА БИРАЊЕ

„Во Македонија секојдневно се отвараат 500 или 600 работни места, а тоа дека во странство, професионалците заработувале по 3000 евра, е само добар маркетинг – вака директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски ги убедуваше младите да не заминуваат во странство, на дебатата „Актуелните предизвици на процесот на иселување на високообразувани млади луѓе“, што ја организираше новоформираната невладина Центар за европски иницијативи.“

Во написот што  го рецензираме веднаш е пресметано дека ако Македонија дневно отвора по толку места, месечно ќе се вработуваат по 18.000 млади, а дека годишно ќе се апсорбира работна сила која би броела фасцинантни 200.000 лица, па и нешто повеќе. Па, според овие пресметки, може да се очекува дека за година и половина ќе нема ниту еден невработен и фирмите ќе молат да вработат некого. Ова се констатира во прилогот, кој има и свој текстуален и видеоеквивалент, како „корпус деликти“, бидејќи веројатно ќе има и такви кои нема да поверуваат во овие зборови од прва, без да земат молив и хартија и да пресметуваат.

 

АРМИЈА РАЗОЧАРАНИ!

Она што е за пофалба во текстот, секако, е брзината на реакцијата, отворениот, но сепак одмерен цинизам на статијата. Вистински небулози, инаку, се наоѓаат и во други искази од истиот функционер, како онаа дека за вработување во западните држави се нуделе работни места кои се платени под цената на трудот и тоа биле работни места кои се многу ризични и во кои се губеле многу животи за една година.

„Многу луѓе велат- јас ќе заработам во странство многу повеќе, но дали знаете дека од 100 заминати, само 5 успеваат. Само е добар маркетинг дека се заработува многу повеќе надвор од Република Македонија, ако се работи истото работно време што се работи во странство, тогаш, можеби не исто, но приближно ќе заработиме соодветно за живот во Република Македонија.“

Издвојувањето на овој извештај е, пред сè, во тоа што не го заштитува авторитетот на јавниот функционер, туку јасно ги издвојува оние фрапатни неодржливости во претставувањето на состојбите во земјава со розови очила. Во поголем дел од другите извештаи, пак, имаме сокривање или неистакнување на тие „сознанија“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести