Нула текст – полуразголена објава!!!
Објавено во Рецензии
on 11 - 02 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[ГАЛЕРИЈА: Отидов на предавање на факултет – не ми се одеше дома]
Ниту информација, ниту причина, ниту последица, ниту начнување прашање, ниту нудење одговор, ниту саглам текст, ниту професионален ангажман… Тривијалност, сеназционализам, безидејност. Ова е една голема нула со полуразголени елементи!!!
Линк до оригиналниот напис: ГАЛЕРИЈА: Отидов на предавање на факултет – не ми се одеше дома
Датум и време на објавување:
Датум на рецензирање: 07.02.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
„ПОДВЕЗИЦИ“, ДЕКОЛТЕА И ВИСОКИ ПОТПЕТИЦИ
Овде новинарство нема, а рецензијата е заслужена затоа што бучкушуров од фотки од полуразголени девојки којзнае од каде собрани е „протнат“ како легитимна информација.
Оваа објава ги преминува границите, материјали од типот „зграпчи го денот“ и „девојки на денот“, не смеат да се мешаат со кредибилното информирање на публиката. Повод нема, приказна не постои, не се забележува ниту една новинарска алатка… Покрај фотографиите има само една единствена реченица која не значи ама баш ништо:
„Модните трендови во Русија се следат и на факултетските предавања. Да не мора девојките „по сто пати“ во денот да се пресоблекуваат, нели.“
И која нема некаква логична врска со насловот:
„ГАЛЕРИЈА: Отидов на предавање на факултет – не ми се одеше дома“
Идејата, најверојатно, е да се „уловат“ што повеќе кликнувања. Пример како наместо новинарство се продаваат „подвезици“, деколтеа, мини-здолништа, високи потпетици…
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
нема вест
нема информација
ПРИСТРАСНОСТ
нема информација
КОМЕНТИРАЊЕ
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
нечитлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови