verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарството е на страната на народот, не треба да биде против него!

on 11 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 FireShot Screen Capture #012 - 'Gjysma e Haraçinës në këmbë për Zaevin, shqiptarët turpërohen' - www_zhurnal-ks_com_content__id=1612810364259

Напис: Пола Арачиново на нозе за Заев, Албанците се посрамотија

Скопје, 28 Јануари -Стотици жители Албанци од село Арачиново, Скопско во центарот на селото го пречекаа лидерот на опозициската партија на Македонците, Зоран Заев. Во свечена атмосфера и со френетичен аплауз се пречека Зоран Заев, како една голема личност на албанскиот народ.

 

Неофицијално, Журнал дознава дека поголемиот дел на тие што го пречекаа Заев, биле дел од поранешната структура на ДПА на чело со Мендух Тачи.

Центарот на Арачиново беше блокиран од сите страни и десетици Албанци почнаа да извикуваат „Заев, ти си спасител“. Фотографијата која ја објавил Заев на неговиот профил на Фејсбук, кажува јасно за присуството на жителите на Арачиново, кои ја покажаа својата лојалност кон лидерот на опозицијата.

 

СДСМ, од еден голем дел на албанските аналитичари се смета за партија на која рацете и се извалкани со крвта на Албанците. Според нив, на Албанците уште им се свежи во сеќавање настаните во Гостивар во 1997 година, во Струшко Радолишта, Бит Пазар, дури и во Арачиново и булдожерите на Бранко Црвенковски, каде што како дел од проектот за уривање на оградите на куќите, од ударот на булдожерот го загуби животот еден Албанец, жител на Арачиново.

 

Инаку Зоран Заев од почетокот на објавувањето на бомбите цело време ги држеше во заложништво Албанците во Македонија и си поигруваше со чувствата на семејствата, чии најсакани, повеќе од три години се во затворот во Идризово за озлогласениот случај „Монструм”, при што, невини Албанци  издржуваат казна затвор.

 

Случајот „Монструм“, Заев на нечовечки начин почна да го злоупотребува за негови партиски цели, за да ги придобие симпатиите на албанскиот народ. Но, кога се објавуваа неговите бомби, не се објави ништо за „Монструм“, и со ова се докажа дека Заев тактизирал со Албанците во Македонија се до последен момент.

 

[Рецензија:„Пола Арачиново на нозе за Заев, Албанците се посрамотија”]

„Страшно“ е да се види дека еден медиум, сега веќе не го напаѓа само противникот на партијата што ја поддржува, туку и граѓаните што имаат поинакво убедување од нивното. Во неможност да се удираат силно со факти, докази и со истражувања активностите на еден политички субјект што се сметаат за лоши, медиумот ги напаѓа директно граѓаните што ја поддржуваат оваа политичка партија. Овој „напад“ се состои од навреди и од огромни деградации на групата, како во конкретниот случај.

Zhurnal Gjysma e Haracines ne kembe per Zaevin, shqiptaret turperohen 1Линк до оригинлниот напис: „Пола Арачиново на нозе за Заев, Албанците се посрамотија”

Датум и време на објавување: 28.01.2016, 10:36

Датум на рецензирање: 01.02.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Веста за посетата на лидерот на македонската опозиција Зоран Заев во Арачиново се проследи со критики. Ниеден граѓанин не отишол на собирот со идеја да го прогласи Заев за „една голема личност на албанскиот народ“. Во написот се иронизира со присуството на сите тие граѓани што биле на настанот. Авторот во насловот пишува дека сите Албанци се чувствуваат посрамотени од пречекот што му го направија овие граѓани на Зоран Заев. Како дозна авторот за срамот што го чувствуваат Албанците, само тој си знае.

„Во свечена атмосфера и со френетичен аплауз се пречека Зоран Заев како една голема личност на албанскиот народ.“

Но, чекајте, вели новинарот, бидејќи откривме уште нешто друго. Овие граѓани што биле присутни таму не биле кои било, туку поранешни симпатизери на ДПА. Тој не случајно го поврзува СДСМ со ДПА. Понатаму, тој прави и други обвиненија во стилот „со еден камен, убива две птици“.

„Неофицијално Журнал дознава дека поголемиот дел на тие што го пречекаа Заев биле дел од поранешната структура на ДПА на чело со Мендух Тачи.“

Фиктивните аналитичари секогаш се користат во вакви пригоди за да ги извадат од незгодна ситуација ваквите автори.

„СДСМ, од еден голем дел на албанските аналитичари, се смета за партија на која рацете и се извалкани со крвта на Албанците.“

Нормално дека аналитичари нема, бидејќи ниту една одговорна личност не би се осмелила да направи такво обвинение за кое, ако нема факти, би можела да се гони кривично. Потоа, како да сака да им се каже на присутните на собирот „Еј, предавници, гледајте кој е СДСМ“, во текстот се наведуваат следните редови:

„…на Албанците уште им се свежи во сеќавање настаните во Гостивар во 1997 година, во Струшко Радолишта, Бит Пазар, дури и во Арачиново и булдожерите на Бранко Црвенковски, каде што како дел од проектот за уривање на оградите на куќите, од ударот на булдожерот животот го загуби еден Албанец, жител на Арачиново. Овој трагичен настан се случил во времето на Црвенковски помеѓу 1993-95 година.

Инаку Зоран Заев од почетокот на објавување на бомбите цело време ги држеше во заложништво Албанците во Македонија и си поигруваше со чувствата на семејствата, чии најсакани повеќе од три години се во затворот во Идризово за озлогласениот случај „Монструм”, поради кој невини Албанци  издржуваат казна затвор.“

Сите горенаведени случаи се многу чувствители за Албанците во Македонија и професионалното новинарство подразбира други начини за да ги третира случајите за кои се мисли дека СДСМ се покажал неправеден кон Албанците. Прво, аналитичарите и експертите треба да бидат вистински дел од текстот и да зборуваат објективно за овие настани. Второ, да се користат историски податоци за настаните од минатото, околностите врз кои се случиле, за причините и како завршиле. И последно, многу е важно да се каже дека прислушуваните материјали за случајот „Монструм“ не се затворен предмет, туку со нив работи Специјалното обвинителство.

Обврска на новинарот е да ги штити поединците и групите од неправда и од дискриминација извршени од страна на јавните органи и институции, од приватните претпријатија и од кој било друг.

Прирачникот за етика на Здружението на новинари на Македонија наметнува посебна одговорност за јавно кажаниот збор од страна на новинарите. Нивните ставови се важен фактор за формирање на јавното мислење, а јазикот на омразата е недостоен и забранет согласно новинарската етика.

Напишан според овие принципи,  новинарскиот производ можеби ќе беше многу подолг и, нормално, ќе бараше многу повеќе работа. Во таков случај, текстот сигурно немаше да биде навредлив и тенденциозен.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Има неколку факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

Можеби

дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести