verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

СДСМ со двајца членови „магично“ доминира во ДИК!

on 8 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

СДСМ ја потврди доминацијата_ - http___netpress.com.mk_kurir-sdsm- 11

 [„Курир“: СДСМ ја потврди доминацијата во ДИК]

Во овој коментаторски и манипулативен напис се изнесува обвинение дека ДИК работи под директива на СДСМ,  иако за тоа во текстот не е понудена соодветна аргументација. Текстот натежнува од тенденциозни забелешки за отфрлањето на претставките на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, како неповрзани со изборите.

„Курир“_ СДСМ ја потврди доминацијата_ - http___netpress.com.mk_kurir-sdsm-Линк до оригиналниот напис: „Курир“: СДСМ ја потврди доминацијата во ДИК

Датум и време на објавување: 07.02.2016, 15:49

Датум на рецензирање: 07.02.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

КОЈ КОГО НАДГЛАСАЛ?

Написот (кој е преземен од друг медиум и соодветно e линкуван), има цел да ја дискредитира работата на Државната изборна комсија (ДИК), чии членови беа избрани според Договорот од Пржино, кој беше потпишан од четирите најголеми политички партии.

Новиот состав на Државната изборна комисија беше договорен помеѓу четирите партии по формулата 3+3+3, односно тројца членови беа предложени од опозицијата, тројца од власта и тројца експерти избрани со двотретинско мнозинство од парламентот. Според оваа формула, од вкупно девет членови во ДИК , само двајца се од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев.

Но, и покрај овој непобитен факт, нејасно е како во написот се дошло до заклучок дека СДСМ има доминација во ДИК.

„Државната изборна комисија (ДИК) утрово на затворена седница ги отфрли како неповрзани со изборите претставките на заменик министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, за трите одлуки за именување началници донесени од страна на техничкиот министер Оливер Спасовски, со што беше потврдено дека СДСМ има доминација во ДИК.“

Државната изборна комисија одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број членови, што значи дека одлуката за отфрлање на претставките на заменик-министерот за внатрешни работи Чавков, била донесена со минимум пет гласа. Ако СДСМ во ДИК има само двајца членови, а за одлуката гласале минимум петмина, тогаш написот манипулира дека и други членови на комисијата, односно независните експерти, работат под палката на СДСМ.

Независните експерти, Александар Чичаковски, Реџеп Прекопуца и Атанас Урумов, беа избрани со заедничка согласност помеѓу претставниците на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино. Освен тоа, независноста на експертите беше потврдена и од пратениците во Собранието, кои ги изгласаа експертите со 102 гласа „за“ и без ниту еден воздржан или против.

Написот обвинува и за надгласување, но не е јасно кој кого надгласал во оваа ситуација кога не се знае ниту точниот број на гласови со кои е донесена одлуката, ниту кои членови на комисијата гласале за ваква одлука. Па и покрај тоа што никаде во одлуката не пишува кој член од комисијата како гласа, овој текст со леснотија заклучува дека СДСМ (со само двајца членови), сепак,  некако „магично“ доминираат со комисијата и ги надгласуваат другите!

Издржана новинарска содржина не смее да манипулира со паушално нафрлени обвинувања, без да понуди докази за искажаните наводи. Исто така, професионалниот новинарски пристап не дозволува да се изнесуваат критики за нечија стручност и компетентност (во конкретниот случај ДИК), без притоа да има вистинска и издржана потврда за тоа.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести