Рецензии

„Разобличување“ без докази

на 16. 02. 2016 | | sq

[Латас: За времето на Груевски кланот Заеви свртел 205 милиони евра (ФОТО)]

  На „текстот“ што е предмет на оваа рецензија, врамен со шпекулативен наслов, му недостига текст. Објавата има само една реченица и е илустрирана со повеќе принтскринови од телопот во вестите на една телевизија со национална концесија. Во овој дневник (10 февруари 2016 година), инаку, гостуваше лидерот на опозицијата, а разговорот го водеше главниот и одговорен уредник на телевизијата. Линк до оригиналниот наслов: Латас: За времето на Груевски кланот Заеви свртел 205 милиони евра (ФОТО) Датум и време на објавување: 10.02.2016 Датум на рецензија: 15.02.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

НАМЕНСКА КОНСТРУКЦИЈА

Единствената реченица во написот  е: „Латас комплетно го разобличи бизнисот на кланот Заеви.“ И толку. На читателите

Фотомонтажа и теорија на заговор

на 16. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Зоран Заев најави, а Јанева денес настапи со политичка прес-конференција]

  Текстот e едностран и повеќе коментира отколку што презентира информации. Фактите, пак, кои делумно ги прикажува се искористени за да се направи спин и да се извалка професионалноста на специјаната обвинителка и на нејзиниот тим. Пишуван во ваков манир, написот испраќа целосно извитоперена слика во јавноста. Инаку, оваа објава се наоѓа во сосема несоодветна категорија (видео), иако во неа нема аудиовизуелни содржини. Линк до оригиналниот напис: Зоран Заев најави, а Јанева денес настапи со политичка прес-конференција  Датум и време на објавување: 12.02. 2016,12:21 Датум на рецензирање: 14.12.2015 Рецензент: Димитар Тануров  

ИЗВИТОПЕРЕНА СЛИКА

Не само насловот, туку и главата на текстот најавува дека написот повеќе ќе коментира, отколку

Позајмени семејни стебла за креирање подмолни заклучоци

на 15. 02. 2016 | |
 

[Рецензија: КОЈ Е ГАВРИЛ БУБЕВСКИ? Дете на транзициски олигарх, мајка судијка и кум на адвокатот на Зоран Заев!]

  Кога ќе ја прочитате оваа статија, сигурно ќе се почувствувате како да сте во кино-сала во која се прикажуваат измешани ленти на филмови – час имате обид за некаков документарец кој би се држел до вистината, потоа имате комедија на забуната, па влетувате во шпионски трилер и следите некого каде пие кафе или јаде кифла, и притоа, гледате кој му прави друштво. На крајот ќе се прашате што воопшто сте гледале и кој ве измамил да влезете „во филмот“. И можеби и тоа некако би минало ако не се работи за нешто крајно сериозно – „рецензија“ на кариерата на еден

Лесно е да се манипулира кога нема втора страна

на 15. 02. 2016 | |

 

[ВИДЕО: СДСМ продолжува со сценариото за креирање на инциденти во Собранието на Република Македонија]

    Ова е еден спинерски и коментаторски текст кој има цел да ја претстави опозицијата во негативно светло. Пишуван во тој тон, написот креира слика дека СДСМ ги опструира проектите на Владата. Линк на оригиналниот напис: ВИДЕО: СДСМ продолжува со сценариото за креирање на инциденти во Собранието на Република Македонија Датум и време на објавување: 10.02.2016, 22: 29 Датум на рецензирање: 14.02.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НАФРЛЕНИ СОМНЕЖИ, ПРЕТСТАВЕНИ КАКО ФАКТИ

Самиот наслов, како и почетокот од текстот, го наведуваат читателот на тоа дека социјалдемократите креирале инциденти во Собранието за да го попречат донесувањето на законот за формирање нов универзитет во Скопје. .„..

Насилство врз новинарските стандарди

на 15. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: БЛАМАЖА: Јанева и Фатиме Фетаи тргнаа да оспоруваат победа од 200.000 гласови, а во барањето за притвор навеле 1.400 македонски граѓани кои гласале]

  Само на два начина може да се оцени оваа медиумска сторија: како дилетантска наива или како политички инструирана содржина која има цел да ја искриви реалноста. Првата опција, дилетантска наива, отпаѓа, зашто доминира намерата да се спинува и да се исполитизира настапот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) по секоја цена, дури и по цена на сопствена професионална дискредитација. Како поинаку да се протолкуваат новинарска постапка која манифестира крајно непознавање на темата за која се известува, како и отсуство на намера да се конслутираат закони или експерти за да се разјаснат работите. Еве зошто: Во Кривичниот

Наместо известување, етикетирање

на 15. 02. 2016 | | sq

 

[Рецензија: ФОТО: Кој всушност стои зад денешниот протест на приватните специјализанти?]

  Текстот што го рецензираме натежнува од пристрасност и има цел да го дискредитира протестот на специјализантите. Овој материјал не известува за суштината на собирот, туку обележува личности како блиски на најголемата опозициска партија, што е, практично, единствената причина протестите да бидат квалификувани како „сдсмовски“. Линк до ориги налниот напис: ФОТО: Кој всушност стои зад денешниот протест на приватните специјализанти? Датум и време на објавување: 10.02.2016, 14:04 Датум на рецензирање: 12.02.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НО, ЗОШТО ПРОТЕСТИРААТ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ?

Во текстот нема ниту една изјава, ниту потврда за напишаното. Сите наводи во оваа „фото-сторија“ се произволно нафрлени и зачинети со коментари. Втората страна на приказната е комплетно игнорирана.

Батали криминалот, плукај по обвинителките!

на 15. 02. 2016 | |

[Рецензија: Ова не е право и правда, ова е политика и политизација – и нема да помине]

  Напаѓачки коментар или извештај од прес-конференција? Текстот се однесува на прес-конференцијата на обвинителките од Специјалното јавно обвинителство и не е ништо друго освен манипулирачки, едностран и крајно пристрасен коментар, „случајно протнат“ во категоријата „вести“. Линк до оригиналниот напис: Ова не е право и правда, ова е политика и политизација – и нема да помине Датум и време на објавување: 12.02.2016, 15:43 Датум на рецензирање: 13.02.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ОСАКАТЕН НАПИС

Целта на овој текст е крајна и остра дискредитација на двете обвинителки Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи и нивно (неаргументирано) поврзување со опозицискиот СДСМ, а сето тоа за намалување на важноста

Клеветнички текст

на 15. 02. 2016 | |

 

[Рецензија: За што Милчин и СОРОС бараат „притисок“ од Ванхојте?]

  Рецензија? Да! Зошто? Клеветнички текст, непоткрепени коментари, обид за изедначување на политичка партија со странскиот посредник во домашната политичка каша, што не само што е омаловажување на конкретната личност, туку е и девалвирање на севкупниот напор на меѓународната заедница за помош за излез на Македонија од кризата.  Линк до оригиналниот напис: За што Милчин и СОРОС бараат „притисок“ од Ванхојте?  Датум и време на објавување: 10.02.2016  Датум на рецензирање: 11.02.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    

 ОБВИНУВАЊА, РАСПНУВАЊА, КОМЕНТАРИ

Да се бара професионализам во бучкуруш од нерагументирани обвинувања, недокажани тврдења, произволни коментари и од медиумско распнување по наредба, е како да се обидуваш да најдеш игла во сено. Значи, невозможна

Забегано новинарство

на 15. 02. 2016 | |

[Рецензија: Катица со денешниот прес потврди дека завчера била во СДСМ по нарачката на Заев]

  Можеби звучи престрого, но кога читате новинарски производ кој треба да е извештај од настан, очекувате извештај. Според сите стандарди и новинарски лекции, тој извештај треба да ја избере најважната поента од тој настан, која во себе треба да содржи новина, вест, а потоа да следува образложение, односно заднински информации, кои треба да бидат поткрепа, аргументација на таа вест. Во случајот на медиумската содржина што овде ја рецензираме, таа логика и очекуван стандард се сосема извртени. Како прво, не може да се препознае дали се работи за извештај од настан или мислење, коментар, колумна, бидејки има премногу елементи на овие вторите новинарски форми. Но,

Стара вест со нов бомбастичен наслов

на 15. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Ново и остро соопштение од ЕУ: Престанете со нападите врз Јанева]

  Написот пренесува стари информации, а соопштението е целосно испревртено и со бомбастичен наслов се обидува да создаде претстава дека има нови реакции, кои не се ниту прецизно лоцирани. Линк до оригиналниот напис: Ново и остро соопштение од ЕУ: Престанете со нападите врз Јанева  Датум и време на објавување: 09.02.2015, 17:17:18 Датум на рецензирање: 12.02.2015 Рецензент: Димитар Тануров  

ПОДМТЕНАТО „БАЈАТО“ СООПШТЕНИЕ

„ЕУ ги повикува политичките партии да соработуваат со Специјалната јавна обвинителка, да прекинат со напади врз ова независно тело и да престанат со заплашувања врз јавни функционери чија што задача е да ги подготват изборите, се вели во соопштението на ЕУ.“ Текстот се темели на интерно