Рецензии

Седум минути спинувани во 22 секунди

на 22. 02. 2016 | | sq
 

[Рецензија: СКАНДАЛ: Заев бара ослободување од притвор на терористите од Диво Насеље]

  Станува збор за голем спин врз основа на кој потоа е граден целиот текст. Ова е пример како не треба да изгледа еден новинарски напис. Од една изјава, на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, која не е целосно пренесена, се прави конструкција која нема никаква врска со вистината. Линк до оригиналниот напис: СКАНДАЛ: Заев бара ослободување од притвор на терористите од Диво Насеље Датум и време на објавување: 16.02.2016, 14:38 Датум на рецензирање: 17.02.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ИСКАСАПЕНА ИЗЈАВА

Тоа што текстот е подолг и има фотографии, ни најмалку не значи дека се работи за вистинит и за содржаен материјал. Најголемата грешка е тоа што

Сите се како Заев!

на 22. 02. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Алексов и Заев со ист став за изборите]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија, намерно става знак на еднаквост меѓу ставот на претседателот на граѓанската асоцијација „Мост“, Дарко Алексов, и лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во врска со условите за одржување на изборите на 24 април. Тргнувајќи од една таква перцепција, секој што смета дека нема услови за одржување на изборите, по дефиниција, треба да се изедначи со Заев. Линк до оригиналниот наслов: Алексов и Заев со ист став за изборите Датум и време на објавување: 17.02.2016 Датум на рецензија: 18.02.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

НАФРЛЕНИ БРОЈКИ

Во написот се изнесуваат невистинити информации, дека Алексов не понудил валиден и издржен аргумент за одложување на изборите. „Дарко

Соопштение од ЈО читано со диоптријата на власта

на 22. 02. 2016 | |
 

[Рецензија: Републичкото Јавно обвинителство со став: Обидот на Катица Јанева да ги спасува Заев и Верушевски е политички и нелегален]

  (Пре)слободно толкување на соопштението од Јавното обвинителство и со исклучително неновинарски политички квалификации. Четиво неоправдано обременето со обоено „интро“. Материјалот наликува на некаков текст-посредник во судирот меѓу Специјалното и Јавното обвинителство, за тоа дали треба или не да се трансферираат три предмети: оние против ексразузнавачот Зоран Верушевски и неговиот син и оној за „Маѓар телеком“.  Линк до оригиналниот напис: Републичкото Јавно обвинителство со став: Обидот на Катица Јанева да ги спасува Заев и Верушевски е политички и нелегален  Датум и време на објавување: 17.02.2016 13:33  Датум на рецензирање: 18.02.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

ПРОИЗВОД СО ДЕКЛАРАЦИЈА „МЕЈД ИН ПАРТИСКИ

Јавноста, жртва на неточности

на 19. 02. 2016 | | sq

Напис: Изборите се одлагаат за април 2017 година, се формира техничка влада?!…

Големи се шансите предвремените парламентарни избори да не се одржат во 2016 година, но да се одложат за март или април во 2017 година, кажуваат за „Лајм“ високи партиски извори вклучени во преговорите. Во меѓувреме, овие информации ги потврдиле и дипломатски извори во Скопје. Според нив, во меѓувреме ќе се формира техничка влада, проширена со сите четири најголеми партии, која ќе направи сериозна подготовка за следните избори. За време на мандатот на оваа проширена влада, се очекува да се реши и прашањето за името, додека Македонија ќе стане членка на НАТО и ќе почнат преговорите за членство во ЕУ. Нашите извори кажуваат дека меѓународните набљудувачи заедно со

Текстот секогаш треба да има и втора страна

на 19. 02. 2016 | | sq

Напис: „Политичките пријатели“ на Зоран Заев (ФОТО)

Лидерот на македонската опозиција вечерва во еден скопски ресторан приредил вечера за своите „советници“. На оваа трпеза се гледа и новинарот Мухамед Зекири, кој, како што се гледа од самата фотографија, со нетрпение чекал да направи една „селфи“ со лидерот на македонската опозиција. По социјалните мрежи се зборува дека овие можеби се и „советници“ на Заев и за време на вечерата можеби разговарале

Сам новинар прашува, сам новинар одговара

на 19. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Сомнителни чекори на Катица Јанева: Повлекува предмети кои немаат никаква поврзаност со прислушуваните разговори]

  Познат е оној стереотип за новинарите како „сезнајковци што ништо не знаат“. Овој текст му оди во прилог на овој стереотип, за жал. Познати и препорачливи се базичните лекции за новинарите, кои велат дека своите текстови, тези и тврдења журналистите треба да ги поткрепуваат со извори. Тие извори, меѓу другото, можат да бидат искуствени, експертски или овластени („Биди новинар“, Б. Героски, Матица македонска, 2005). Темата за која зборува овој текст е иницијативата на СЈО да ги добие предметите: „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“ и „Прикажување на порнографски материјал на дете“, кои им беа ставени на товар на таткото

Триаголник: СДСМ, избирачкиот список и професорот кочничар!

на 19. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: „Курир“: СДСМ повторно на перфиден начин го кочи прочистувањето на избирачкиот список]

  Коментаторски, необјакетивен и политички пристрасен текст, кој служи за манипулација и за дефокусирање од вистинската причина поради која повеќе од два месеца се доцни со прочистување на избирачкиот список. Линк до оригиналниот напис: „Курир“: СДСМ повторно на перфиден начин го кочи прочистувањето на избирачкиот список Датум и време на објавување: 17.02.2016, 13:02 Датум на рецензирање: 18.02.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ДО ИТ-ЕКСПЕРТОТ БИЛО?!

Според напишаното во овој текст (кој е преземен од друг медиум и е соодветно линкуван), главната причина поради која доцни прочистувањето на избирачкиот список е ИТ-експертот Сашко Ристов, кој поради предавање на факултет го кочел процесот. Така, за овој професор од ФИНКИ се

Поедноставување на суштината со една бројка

на 19. 02. 2016 | |

[Рецензија: СЈО со смешно обвинение без никакви докази – тврди дека наместо со 197.660 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги добиеле изборите со 196.260 гласа повеќе од СДСМ]

  Дезинформација помножена со дезинформација во „новинарската математика“ не значи дека конечниот резултат е реална информација. Напротив, колку повеќе неточни вести се пласираат, толку информативното помрачување во дадениот текст е поголемо. А колку повеќе невистини се објавуваат, толку е поголемo насилството врз професионалните стандарди и толку е поголема штетата нанесена на публиката. Линк до оригиналниот напис: СЈО со смешно обвинение без никакви докази – тврди дека наместо со 197.660 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги добиеле изборите со 196.260 гласа повеќе од СДСМ  Датум и време на објавување: 15.02.2016 , 15:30  Датум на рецензирање:

Ова ли е новинарство – Купишта навреди кон олеснувачот!

на 19. 02. 2016 | |

[Рецензија: Ова ли е притисокот од Ван Хауте – навредите кон државата и народот во функција на преговорите]

  Ова е уште еден напис што ја дополнува неславната статистика за стотици прилози во македонските медиуми кои еклатантно отстапуват од етичкиот Кодекс на новинарите на Македонија и од меѓународни новинарски стандарди. Текстот што го рецензираме само ја проширува галеријата на личности од домашната и од меѓународната политичка сцена кои, според оцените во текстот, се „подржувачи на опозицијата и непријатели на македонскиот народ и државата“. Од самиот наслов: „Ова ли е притисокот од Ван Хауте – навредите кон државата и народот во функција на преговорите“, е сосема јасно за која личност станува збор.
Линк до оригиналниот напис: Ова ли е притисокот од

Внимание: „кромид-вест“!

на 19. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: ПАНИКА: Во продажба портокали заразени со ХИВ позитивна крв]

  Текстот е невистинит, создава паника кај граѓаните, а главна причина за неговото објавување е собирање на повеќе кликнувања. Истовремено, станува збор за „кромид- информација“ која е стара повеќе од една година, а во написот не се ни прави обид да се демистифицира целата „теорија на заговор“. Линк до оригиналниот напис: ПАНИКА: Во продажба портокали заразени со ХИВ позитивна крв Датум и време на објавување: 14.02. 2016,19:43 Датум на рецензирање: 18.02.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

СТАРА И НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА

„На интернет деновиве се прошири вознемирувачка вест дека Царинската служба на Алжир открила големо количество портокали, увезени од Либија, во кои била вбризгана ХИВ позитивна крв.“ Текстот се темели на непроверени