verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Поедноставување на суштината со една бројка

on 19 - 02 - 2016       

Untitled 11

[Рецензија: СЈО со смешно обвинение без никакви докази – тврди дека наместо со 197.660 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги добиеле изборите со 196.260 гласа повеќе од СДСМ]

 

Дезинформација помножена со дезинформација во „новинарската математика“ не значи дека конечниот резултат е реална информација. Напротив, колку повеќе неточни вести се пласираат, толку информативното помрачување во дадениот текст е поголемо. А колку повеќе невистини се објавуваат, толку е поголемo насилството врз професионалните стандарди и толку е поголема штетата нанесена на публиката.

2222Линк до оригиналниот напис: СЈО со смешно обвинение без никакви докази – тврди дека наместо со 197.660 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги добиеле изборите со 196.260 гласа повеќе од СДСМ

 Датум и време на објавување: 15.02.2016 , 15:30

 Датум на рецензирање: 16.02.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

„ИГРАНКАТА“ БИЛА НЕОГРАНИЧЕНА ВЛАСТ, А НЕ 1.400 ГЛАСОВИ

Искрено, ова е мачно четиво за читање, што поради невистината што ѝ ја сервира на јавноста, што поради еклатантното непознавање на правната процедура, што поради спин-тезата која ја нуди како на продажба на пазар, што поради множеството бројки кои верувам дека се ставени само за да ја дополнат конфузијата во мислата на читателот.

„Колку гласови се спорни според обвинението на Специјалното јавно обвинителство во случајот кои тие го нарекоа „Титаник“?!“

Има ли пилот овој авион? Специјалното јавно обвинителство сè уште не дошло до покренување обвинителен акт, односно поднесување обвинение. Процесот е во фаза на истрага, има осомничени, ама засега не и обвинети. Овие две работи се сосема различни и сериозна мана ако се помешаат, не навлегувам дали било од незнаење или, пак, со знаење, ама со тенденција. Правник би кажал дека станува збор за катастрофа. Ем користење погрешни термини, ем невистина.

Не е во новинарскиот дух исклучително сериозен проблем да се поедноставува преку некаква си пресметка како од алваџиски тефтер. Воопшто не држи вода поедноставувањето на суштината на постапката на Обвинителството – дека сè се сведува на наводни 1.400 спорни гласови. Не е така, зашто настапот на претставничките на Специјалното обвинителство покажа нешто сосема друго.

„Во 2012 осомничените во својство на министер за внатрешни работи, министер за транспорт и врски и секретар на влада заедно со други засега непознати лица, заради опстојување на власт на партијата и заради нивни непосредни привилегии создале група која имала за цел вршење кривични дела против изборите.“ (Фатиме Фетаи, обвинителка во СЈО, 12.02.2016).

 

НЕКВАЛИТЕТЕН ШТОФ

Значи не биле во прашање само тие 1.400 гласови на кои се повикува текстот, а кои, пак, се информации на друг портал. Туку, суштината е дека некој преку манипулации сака да си го обезбеди луксузот на неограничена власт. Се собрала група „комитска“, се здружила за да најде начин како да владее понатаму. Е, ама тој начин, според наодите на СЈО, бил спротивен на законот. Затоа, ајде да не се расфрламе со бројки 100, 200, 300, 1.400, и така натаму, зашто легалистички гледано и само еден спорен глас фрла сомнеж на легитимноста на целиот изборен процес. Плус, очигледна е намерата преку една бројка, за некого ситна, да се дезавуира работата на Специјалното јавно обвинителство, демек „што креваат врева кога 1.400 гласови не прават разлика меѓу победникот и поразениот на локалните избори во 2013 година и двојните парламентарни и претседателски избори во 2014 година“. Но, ако внимателно се следеше настапот на двете обвинителки, тие споменаа многу посериозни бројки од 1.400. Имено, Специјалното обвинителство утврдило дека од МВР, со намена за изборен „инженеринг“, биле издадени 15.000 нови матични броеви, 35.000 лични карти кои не се подигнати од барателите, а прифатени биле и повеќе од 60.000 нови државјани.

Оттука, „игранката“ била многу поголема од 1.400 гласови, како што овде ни се сервира со дилетантско поедноставување на важно прашање. При тоа имаме и утнати фази во кривична постапка, неточност, коментар, пристрасност…. Многу  неквалитетен „штоф“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести