Триаголник: СДСМ, избирачкиот список и професорот кочничар!
Објавено во Рецензии
on 19 - 02 - 2016 Автор: Симона Атанасова[Рецензија: „Курир“: СДСМ повторно на перфиден начин го кочи прочистувањето на избирачкиот список]
Коментаторски, необјакетивен и политички пристрасен текст, кој служи за манипулација и за дефокусирање од вистинската причина поради која повеќе од два месеца се доцни со прочистување на избирачкиот список.
Линк до оригиналниот напис: „Курир“: СДСМ повторно на перфиден начин го кочи прочистувањето на избирачкиот список
Датум и време на објавување: 17.02.2016, 13:02
Датум на рецензирање: 18.02.2016
Рецензент: Симона Атанасова
ДО ИТ-ЕКСПЕРТОТ БИЛО?!
Според напишаното во овој текст (кој е преземен од друг медиум и е соодветно линкуван), главната причина поради која доцни прочистувањето на избирачкиот список е ИТ-експертот Сашко Ристов, кој поради предавање на факултет го кочел процесот.
Така, за овој професор од ФИНКИ се тврди дека е предложен од СДСМ, но не се нуди објаснување како е добиена оваа констатација. Нема изјава од членовите на СДСМ во ДИК дека тие го предложиле овој професор да биде ИТ-експерт во комисијата, а уште помалку е побаран професорот Ристов да даде коментар за овие нафрлени, без аргументи, обвинувања.
Но, затоа неговите обврски на факултетот, според напишаното, значат дека „СДСМ повторно на провиден и перфиден начин го кочи прочистувањето на избирачкиот список“.
„ИТ експертот предложен од СДСМ, Сашко Ристов кој е професор на ФИНКИ, по насока од неговата матична партија на проѕирен начин се обидува да го кочи пречистувањето на списокот, под изговор дека има предавања на факултет во периодот кога треба да се вршат обврските во ДИК. Последен таков случај е токму денес, каде најавил отсуство до 13 часот и дал насока без него да не започнува прочистувањето.“
Иако во текстот се вели дека денеска (денот кога е напишан текстот, односно 17 февруари), почнал процесот на прочистување на избирачкиот список со вкрстена проверка на повеќе бази, членот на ДИК, Субхи Јакупи, изјави дека процесот ќе почне утре (18 февруари), а проверката ќе ја прават три ИТ-компании, од кои две од Македонија и една од САД.
Ова значи дека прочистувањето на избирачкиот список не зависи од еден професор од ФИНКИ, како што се тврди во текстот.
Текстот кој е предмет на рецензија има само паушално нафрлени обвинувања, за по секоја цена да се обвини опозицијата дека го кочи изборниот процес, без притоа да се даде каков било доказ дека тоа е вистина.
На читателите им е понуден манипулативен напис кој заборавил на објективноста и на основните новинарски принципи и во кој има видливи коментаторски елементи вградени во „вест“. Не се запазени и прашани за коментар сите засегнати страни, но затоа се нафрлени обвинувања кои лесно можат да бидат и невистина.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови