verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ова ли е новинарство – Купишта навреди кон олеснувачот!

on 19 - 02 - 2016       

Ова ли е притисокот од Ван Хауте – навредите кон држа_ - http___republika.mk_ 11

[Рецензија: Ова ли е притисокот од Ван Хауте – навредите кон државата и народот во функција на преговорите]

 

Ова е уште еден напис што ја дополнува неславната статистика за стотици прилози во македонските медиуми кои еклатантно отстапуват од етичкиот Кодекс на новинарите на Македонија и од меѓународни новинарски стандарди. Текстот што го рецензираме само ја проширува галеријата на личности од домашната и од меѓународната политичка сцена кои, според оцените во текстот, се „подржувачи на опозицијата и непријатели на македонскиот народ и државата“. Од самиот наслов: „Ова ли е притисокот од Ван Хауте – навредите кон државата и народот во функција на преговорите“, е сосема јасно за која личност станува збор.


Ова ли е притисокот од Ван Хауте – навредите кон држа_ - http___republika.mk_Линк до оригиналниот напис:
Ова ли е притисокот од Ван Хауте – навредите кон државата и народот во функција на преговорите

Датум и време на објавување: 16.02.2016 15:13

Датум на рецензирање: 17.02.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

ЦРНИ ОЧИЛА

Ализата или аналитичкиот коментар како новинарска форма, иако е одраз на личен став, подразбира објективен пристап и поглед на настаните што се предмет на опсервација. Таа може да содржи и елаборации за однесување на некој политичар, политичка партија или коалиција, но погледот на сето тоа мора да биде низ правилна диоптрија. Во овој случај се ставени „црни очила“ и се изнесени неосновани квалификации со навредлив и со дискредитирачки тон против олеснувачот Питер Ванхауте, притоа сокривајќи дел од фактите.

„Секако, Ван Хауте кој и претходно си поигрувал со достоинството на Македонија и на граѓаните и овој пат се обиде да се оправда со „слободата“.Своите навреди, пак, тој ги нарекува „алатки за насочување на преговорите во вистинска насока“.“

Направена е строга селекција не неколку негови твитер-пораки врз чија „анализа“ е изведен тенденциозен заклучок дека тие се навредливи и насочени против македонскиот народ и државата. Текстот има јасна намера, да се дискредитира посредникот Ванхауте и пред граѓаните да се претстави како дел од преговарачкиот тим на опозицијата, при што е изразена силна убедувачка димензија дека е тоа така.

„Питер Ван Хауте  се однесува како дел од преговарачката клупа на опозицијата, а не како медијаторот во политичкиот дијалог во Македонија. Овие впечатоци во јавноста се сѐ посилни откако Ван Хауте продолжи со своите дописи на „Твитер“, во кои продолжува со навреди и со оценки за актуелните случувања во државата.“

 

ИЗМИСЛЕНА КОАЛИЦИЈА

Овој материјал без факти и без причина го обвинува Ванхауте за создавање непринципиелна коалиција против ВМРО-ДПМНЕ, за да се дисквалификува посредникот како дипломат и да се прикаже како пристрасен во преговорите. Во таа коалиција, инаку, веќе одамна се познати „непријатели на државата“!

„Сегашното негово активирање, пак, доаѓа по тајната „приватна“ средба на Ван Хауте со тешката артилерија на Сорос на која од него било барано „да продолжи со притисокот“, во исто време кога и Специјалното обвинителство на Катица Јанева почна истрага во која се обидува да ги оцрни функционерите на ВМРО-ДПМНЕ. Оттука на место е прашањето – дали целта на Белгиецот е да ги завршите преговорите навреме или да ги одложите изборите?“

 

КОЈ ЈА ИМА МУВАТА НА КАПАТА?

Во завршницата на текстот се подготвува алиби за актуелната владејачка партија доколку изборите, за кои толку се залага да бидат на 24 април (2016), се одложат. Вината се лоцира кај олеснувачот, за кој се вели дека откако

„како помагач во преговорите, нив комплетно ги закочи со предлог-законот за медиуми, Ванхауте  се посвети на коментари против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, како и со изразување директни ставови против одржување на изборите на 24 април, онака како што е договорено во Пржино.“

Белгискиот експерт Питер Ванхауте, кој работи на завршување на политичката криза во Македонија, е често активен на социјалните мрежи преку својот фејсбук-профил или преку твитер-пораки, каде често и позитивно и негативно, но без навреди и квалификации ги коментира актуелните случувања на нашата политичка сцена, а пред новинарите е секогаш отворен за изјава.
Само, очигледно, наспроти  професионалните и етичките стандарди, се сакало да се пласира критизерска објава со нагласена навредлива интонација, која се граничи со примитивизам. А, тоа е особено забележливо во недоличниот говор искажан во пораката на крајот од текстот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести