verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сите се како Заев!

on 22 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Алексов и Заев со ист став за изборите - _ - http___netpress.com.mk_209538-2_ 11

[Рецензија: Алексов и Заев со ист став за изборите]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија, намерно става знак на еднаквост меѓу ставот на претседателот на граѓанската асоцијација „Мост“, Дарко Алексов, и лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во врска со условите за одржување на изборите на 24 април. Тргнувајќи од една таква перцепција, секој што смета дека нема услови за одржување на изборите, по дефиниција, треба да се изедначи со Заев.

Aleksov, recenzijaЛинк до оригиналниот наслов: Алексов и Заев со ист став за изборите

Датум и време на објавување: 17.02.2016

Датум на рецензија: 18.02.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

НАФРЛЕНИ БРОЈКИ

Во написот се изнесуваат невистинити информации, дека Алексов не понудил валиден и издржен аргумент за одложување на изборите.

„Дарко Алексов од МОСТ денеска излезе со идентичен став како и Зоран Заев. Тој посочи дека нема услови за избори, без притоа да даде валиден и издржан аргумент. Алексов застапи политички став и проценка идентична со онаа на СДСМ, а не аргументирана и издржана позиција.“

Но, Алексов на прес-конференцијта образложи зошто смета дека нема услови за одржување на изборите, при што беше презентиран извештајот од набљудувањето на предизборниот период од 1 ноември до 31 декември минатата година. Само, ништо од кажаното на прес-конференцијата не е пренесено во овој тенденциозен и коментаторски скроен материјал, кој е целосно преземен од друг медиум (тоа е наведено, но не е ставен линкот) и пласиран без никаква дополнителна доработка.

Во врска со имотот и со финансиската состојба на Алексов, во текстот не постои ниту еден аргумент, туку единствено се нафрлуваат бројки. Нема понудени докази дека тој „свртил 4 милиони евра“, дека е„олигарх во подем“, дека е инвеститор. А во насока на „оцрнувањето“ на името на Алексов и на дискредитација на неговата работа, „Мост“ се поврзува со „непријателските“ граѓански организации.

„Ваквото противење на Алексов на изборите, можеше да се очекува со оглед на тоа што Алексов е маша во рацете на СДСМ и СОРОС кој се и негови главни финансиери.Зад неговата позиција не стои реална проценка, туку огромни суми на пари. Или народски кажано, Алексов игра по нотите на СДСМ и парите на СОРОС.“

И според востановената практика, за искажаните наводи не се нудат докази, туку тие паушално се изнесуваат и се претставуваат како стопроцентна вистина. Овој наменски креиран напис прикрива информации и ја извртува вистината, со интенција да прикаже дека секој што смета дека нема услови за одржување на изборите во 24 април, е на иста линија со Заев.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести