Рецензии

Mанипулација со изјавите на олеснувачот

на 29. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Остана сам: ЕУ се оградува од ставовите на Ван Хауте]

  Текст конструиран на невистини, манипулации и на шпекулации. Написот изнесува низа непоткрепени обвинувања за Питер Ванхауте, белгискиот олеснувач во преговорите на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино. Линк до оригиналниот напис: Остана сам: ЕУ се оградува од ставовите на Ван Хауте Датум и време на објавување: 22.02.2016, 13:10 Датум на рецензирање: 27.02.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

КАДЕ СЕ „СРАМНИТЕ“ ИЗЈАВИ НА ВАНХАУТЕ?

Во написот се вели дека Мисијата на ЕУ во Скопје се оградила од посредникот откако тој имал серија срамни изјави на социјалните мрежи со кои директно ги навредил македонските граѓани. Но, иако овој напис го обвинува Ванхауте за срамни изјави, не е истакното кои се

Новинарите не смеат да работат по директиви

на 29. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Првиот човек на ДИК работи под директиви]

  Прилогот ги заборавил основните новинарски правила. Тој е инспириран од говорот на најистурениот член на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, па веднаш откако Димовски имаше прес-конференција на која ја повика ДИК да одржи јавна седница, почнаа  прозивките за претседателот на ДИК. „Три дена по повикот на ВМРО-ДПМНЕ да одржат јавна седница на која ќе присуствуваат по двајца членови од четирите политички партии за да утврдат каде се проблемите со прочистување на избирачкиот список,  првиот човек на ДИК Александар Чичаковски писмено соопшти дека вршат кадровско доекипирање.“ Написот заборава дека Државната изборна комисија е независно тело и самото одлучува за својата работа. Линк на оригиналниот напис: Првиот човек на ДИК работи под директиви Датум и

Без трошка новинарски сомнеж

на 26. 02. 2016 | |


[Рецензија: Четирите уверувања од претставниците на ЕУ и САД]

  Зошто рецензија? Затоа што изјава на домашен политичар, со која се карактеризира однесувањето на меѓународната заедница во наредниот период, на публиката ѝ е презентирана безмалку како апсолутна вистина, наспроти јавните настапи на истите тие дипломати кои велат нешто сосема друго.  Линк до оригиналниот напис: Четирите уверувања од претставниците на ЕУ и САД  Датум и време на објавување: 24.02.2016, 12:37 Датум на рецензирање: 25.02.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

КОПИРАЊЕ НА ГОВОР НА ПОЛИТИЧАР

Во овој текст не е покажано ниту трошка новинарски сомнеж во точноста на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дадена во раните утрински часови непосредно по одлуката за одложување на распуштањето на парламентот и поместување на датумот за предвремени

Извртени аргументи за политичка манипулација

на 26. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Падна договор: Македонија оди на избори]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија ги извртува фактите и на тој начин прави спин, со намера да создаде погрешна слика за тоа што се случуваше на 23 февруари 2016 година, дента кога се очекуваше пратениците да пресечат дали ќе ја поништат одлуката за распуштање на парламентот или не. Линкуван наслов на анализираниот напис: Падна договор: Македонија оди на избори Датум и време на објавување: 23.02.2016 Датум на рецензирање: 25.02.2016 Рецензент: Ана Анастасовска   КОЈ ИНСИСТИРАШЕ ЗА ИЗБОРИ ВО АПРИЛ? Уште во првиот дел од написот, исто како и во насловот, има извртување на фактите. „Изборите ќе се одржат на 5 јуни. Ваков договор доцна вечерва паднал меѓу политичките партии, дознава 

Кога неодговорна изјава ќе ја „забибери“ веста

на 26. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Скопје за првпат ќе добие монографија]

  Во природата на новинарите е да бидат скептични, сомничави, да прашуваат. Не е тоа ништо лошо. Напротив. Може да ги заштити новинарите од многу непријатни ситуации, во кои можат да ги стават тие за кои известуваат – разните извори, особено политичарите. Текстот што го рецензираме почнува со следните три реченици: „Скопје за прв пат ќе добие монографија. И тоа в година. Веројатно малкумина знаат дека главниот град досега воопшто немал таква печатена книга.“ И тоа воопшто не е точно. На оваа информација реагираа голем број граѓани на социјалните мрежи. Ние, за пример, ќе ја земеме реакцијата на госпоѓа Соња Абаџиева, наша позната историчарка на уметноста, кураторка, автор и уредник на многубројни печатени

А зошто возбуда ако СДСМ е „сигурен губитник“?!

на 26. 02. 2016 | | sq

[Заев не сака одредување на датум за избори затоа што знае дека ќе ги загуби]

  Текстот е напишан со единствена цел да се омаловажи лидерот на СДСМ. Впрочем, тоа е „закон“ за написите што се ставаат на браникот на владејачката партија, воопшто не водејќи сметка за етичките и професионални стандарди. Ваквите содржини се пристрасни „до небо“, а за втората страна – златното правило во оваа професија – како и да не чуле. Линк до оригиналниот напис: Заев не сака одредување на датум за избори затоа што знае дека ќе ги загуби Датум и време на објавување: 23.02.2016, 12:31 Датум на рецензирање: 24.02.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НА БРАНИКОТ НА ВЛАСТА

Написот ја турка тезата дека Заев заговара одложување на

Команданти на неточности

на 26. 02. 2016 | | sq

Напис: Команданти „бунтовници“

На адресата на нашиот портал стигна напис од фејсбук-страницата „Шкупи ПДШ“, кој се однесува на последните политички настани и „Командантите бунтовници и Ким Мехмети – денес на чело на Опозицискиот совет, а до вчера аргат на ДУИ“: И овие команданти како Ќуфа, Лика, Деари и Острени не се толку искрени колку што се претставуваат во јавноста. Вистинските команданти загинаа во време кога овие „добронамерни“ команданти беа на власт, не изустија ниту еден збор и беа послушници на партијата (на ДУИ и на Али). Тие велат дека божем си заминале од ДУИ поради тоа што партијата не ги брани Албанците. Таа уште од нејзиното основање никогаш не ги бранела Албанците. Причината поради која овие си заминале од ДУИ

Од спектакуларен наслов до новинарски дебакл

на 25. 02. 2016 | | sq

[Од медиумски спектакл до морален дебакл – Вирусот Заев смртоносен за опозицијата]

  Овој текст воопшто не наликува на новинарски, бидејќи во себе не содржи ништо од она што по правило треба да го има во една новинарска статија. Имено, во написот нема информација, нема извори, тој е несеопфатен и коментаторски, блед обид за манипулација. Линк на оригиналниот напис: Од медиумски спектакл до морален дебакл – Вирусот Заев смртоносен за опозицијата  Датум и време на објавување: 18.02.2016 Датум на рецензирање: 23.02.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ОПОЗИЦИЈАТА – ОКУПАТОР?!

Овој новинарски напис се обидува на читателот да му објасни и да му претстави што покажала првата акција на Специјалното обвинителство, насловена „Титаник“. Притоа, за изнесените наводи не постојат никакви докази, ниту

Повикување на бунт и на насилство

на 25. 02. 2016 | |

[Рецензија: Врие меѓу народот: протерување на амбасадорите и масовни протести пред амбaсадата на САД и ЕУ!]

  На денот, а особено во ноќта на носењето на одлуката за иднината на земјава (23 февруари 2016 г.), кога пратеницитe имаа голема одговорност за тоа дали ќе му вдахнат „живот“ на Договорот од Пржино, некои написи се ставија во улога на подбуцнувачи – кадарни сите заедно да нè турнат во провалијата на историскиот неуспех! И во текстот што го анализираме имаме јасен поттикнувачки дух за насилство, за напади на странски амбасади и слично, и тоа во мигот кога единствениот глас на разумот и на спасот доаѓа од страна на меѓународните посредници и гаранти!
Линк до оригиналниот напис: Врие меѓу народот: протерување на амбасадорите

По секоја цена да се нападне посредникот Ванхауте!

на 25. 02. 2016 | |

[Рецензија: Туристот Ванхауте продолжува со навредите врз македонскиот народ и историја]

  Ниту една изјава, ниту еден официјален извор на информации. Се земаат објави на социјалните мрежи кои се коментираат за извртување на вистината со крајна цел – лична дискредитација на посредникот Питер Ванхауте. Во написот кој не ги задоволува професионалните новинарски стандарди, се забележува нагласена политичка пристрасност. Линк до оригиналниот напис: Туристот Ванхауте продолжува со навредите врз македонскиот народ и историја Датум и време на објавување: 22.02.2016, 11:06 Датум на рецензирање: 22.02.2016 Рецензент: Александар Пешев  

КРИТИЗИРАЊЕ

Од самиот почеток се открива политичката пристрансост. Посредникот во преговорите за спроведување на договореното во Пржино, во насловот од објавата и во првите пасуси, се декларира како турист, што е партиски став