verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Команданти на неточности

on 26 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #035 - 'Komandantët e ”Rebeluar” I Ditari_mk I Regjistri i lajmit_' - ditari_mk_2016_02_11_komandantet-e-rebeluar

Напис: Команданти „бунтовници“

На адресата на нашиот портал стигна напис од фејсбук-страницата „Шкупи ПДШ“, кој се однесува на последните политички настани и „Командантите бунтовници и Ким Мехмети – денес на чело на Опозицискиот совет, а до вчера аргат на ДУИ“:

И овие команданти како Ќуфа, Лика, Деари и Острени не се толку искрени колку што се претставуваат во јавноста. Вистинските команданти загинаа во време кога овие „добронамерни“ команданти беа на власт, не изустија ниту еден збор и беа послушници на партијата (на ДУИ и на Али).

Тие велат дека божем си заминале од ДУИ поради тоа што партијата не ги брани Албанците. Таа уште од нејзиното основање никогаш не ги бранела Албанците. Причината поради која овие си заминале од ДУИ е немањето пристап во „богатството“ на власта и неможноста за повисока позиција и важност во процесот на носење на одлуки.

Исто така, овие јунаци беа на власт и кога бесправно се апсеа поранешните борци на ОНА, беа дел од власта кога се секојдневно се претресуваа албанските населби и села, ги бранеа ставовите на ДУИ и тогаш кога се монтираа случаи на штета на Албанците и многу други работи кои резултирале со дискриминација, миграција, сиромаштија и со губење на надежта дека еден ден ќе биде подобро.

Исто така, Ким Мехмети кој денес зборува во име на „Опозицискиот совет“, е тој што пред неколку години ги повикуваше Албанците да гласаат за ДУИ, а денес без трошка срам излегува и ги критикува нив. Ова е едно супер сведоштво за овие личности кои се повикуваат на искреноста и националната кауза на Албанците во Македонија./Дитари.мк/

[Рецензија: Команданти „бунтовници“]

Релевантноста на изворите на информациите што ги пласира новинарот е најдобра мерка за квалитетот на новинарскиот продукт. Информацијата заснована на најмалку два извори, која исто така е сеопфатна и балансирана, е најдобар пример како треба да изгледа една вистинска вест.

Проблематичен е фактот што за порталите многу често не е важен кредибилитетот кој би се зголемил со пласирање на квалитетни производи со потврдени факти и од релевантни извори, туку бројот на кликнувањата од страна на читателите.

 

downloadЛинк до оригиналниот напис: Kоманданти „бунтовници

Датум и време на објавување: 11.02.2016

Датум на рецензирање: 18.02.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Рецензираниот текст, како извор на новинарскиот производ има едно анонимно писмо испратено на адреса на редакцијата. Во текстот се спомнуваат неколку команданти и нивната сомнителна дејност, но во ниту еден момент авторот не се потруди да ги потврди информациите што ги содржи писмото. На овој начин, во текстот има обид да се створи јавно мислење од нерелевантен извор, а од содржината на текстот се гледа дека главната цел е да се деградира некоја личност, а не да се потврди една хипотеза.

„И овие команданти како Ќуфа, Лика, Деари и Острени не се толку искрени колку што се претставуваат во јавноста. Вистинските команданти загинаа во време кога овие „добронамерни“ команданти беа на власт, не изустија ниту еден збор и беа послушници на партијата (на ДУИ и на Али).“

Во текстот се настојува да се прикажат негативни страни на неколку јавни личности, но е далеку од постигнување на посакуваната цел, затоа што тој не содржи ниту еден аргумент што би го потврдил напишаното.

Ваквиот пристап при пишување вест ја намалува веродостојноста, иако во моментот може да привлече голем интерес. Јавноста сака да чита вести засновани врз релевантни факти и извори и во никој случај мислења од анонимни автори, кои ги позајмиле од „празни муабети“.

Само веста добиена од релевантни извори нема да биде уште еден „празен муабет“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести