verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Повикување на бунт и на насилство

on 25 - 02 - 2016       

Протерување на амбасадорите и мас_ - http___infomax.mk_wp_ 11

[Рецензија: Врие меѓу народот: протерување на амбасадорите и масовни протести пред амбaсадата на САД и ЕУ!]

 

На денот, а особено во ноќта на носењето на одлуката за иднината на земјава (23 февруари 2016 г.), кога пратеницитe имаа голема одговорност за тоа дали ќе му вдахнат „живот“ на Договорот од Пржино, некои написи се ставија во улога на подбуцнувачи – кадарни сите заедно да нè турнат во провалијата на историскиот неуспех! И во текстот што го анализираме имаме јасен поттикнувачки дух за насилство, за напади на странски амбасади и слично, и тоа во мигот кога единствениот глас на разумот и на спасот доаѓа од страна на меѓународните посредници и гаранти!
Протерување на амбасадорите и мас_ - http___infomax.mk_wp_Линк до оригиналниот напис: Врие меѓу народот: протерување на амбасадорите и масовни протести пред амбaсадата на САД и ЕУ!

Датум и време на објавување: 23.02.2016

Датум на рецензирање: 23.02.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

ГЛАСОТ НА НАРОДОТ?!

Наводно, се работи за пренесување на мислења од социјалниите мрежи, на отворање кон „гласот на народот“:

„Ај бе овие стварно му се навртеле на нашиот водач, господинот Груевски. Некаде прочитав, тука во Чикаго , оти сакаат како на Санадер да му направат, за да се турел крај на криминалот и тагувањето по комунизмот. Си играат со нас како мачка со глувче. Тие Русија ќе ја остават да гладува, нафтата ја направија пет банки од 500, не па нас ќе ни варат каша од леќа .Сироти ние што сме патриоти. Душа ме боли.“

Ова е типичен извадок на политичката наива која е собрана на страниците на еден весник, а пренесена преку друга објава, „надградена“ со наслов што јасно повикува на бунт!

Како што вели еден професор (во реакција на ваквата објава на социјалните мрежи), низ написот имаме производство на „нови човечиња кои се држат за рака и се водат некаде“.

Во текстот се споменуваат половина милион луѓе (!) кои би нè преплавиле како бегалски бран, што, белким, е стапот кој следи, ако не ги следиме амбасадорите. Иако, од прилозите (писмата) кои стигнале до редакцијата (!) не можеме добро да го видиме – морковот, кого секако мора да го има!

 

ПОТПАЛУВАЊЕ

Во оваа медиумска содржина се споменува и дека:

„Вечерва Србија ја затвори граноицата и со тоа Македонија стана колатерална штета на војните кои САД ги предизвика во Сирија, Ирак, Авганистан итн… А ДПМНЕ и СДСМ нека се караат кој ќе владее со МАкедониа, ама Македонија, ќе ја снема, ваква како што е денес.“

Со ваквата дезинформација свесно се шири паника меѓу граѓаните и истовремено се „осоколуваат“оние групи, кои се лесно „запаливи“ за улични немири. Имаме многу јасно поттикнување насилство и ширење на омраза кон точно одредени личности.

 

ШИРЕЊЕ ОМРАЗА

Објавени се и „мислења на народот“ кои се против пратениците, кои „неверно“ би гласале според меѓународниот диктат! Имаме многу јасно поттикнување на насилство и ширење омраза кон точно одредени личности.
Ваквото користење на народот за спроведување и за ширење на одредена политичка идеологија гледавме во белградските весници во времето на Милошевиќ. Дури и угледната „Политика“ имаше многу страници на кои се објавуваа такви „писма“ со кои се величеше  ликот и делото „на вождот“.

Сега, за жал, имаме слична реплика на тој журнализам и кај нас.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести