verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

По секоја цена да се нападне посредникот Ванхауте!

on 25 - 02 - 2016       

Туристот Ванхауте продолжува со навредите врз македон_ - http___republika.mk_ 11

[Рецензија: Туристот Ванхауте продолжува со навредите врз македонскиот народ и историја]

 

Ниту една изјава, ниту еден официјален извор на информации. Се земаат објави на социјалните мрежи кои се коментираат за извртување на вистината со крајна цел – лична дискредитација на посредникот Питер Ванхауте. Во написот кој не ги задоволува професионалните новинарски стандарди, се забележува нагласена политичка пристрасност.

Туристот Ванхауте продолжува со навредите врз македонскиот народ и историја Република OnlineЛинк до оригиналниот напис: Туристот Ванхауте продолжува со навредите врз македонскиот народ и историја

Датум и време на објавување: 22.02.2016, 11:06

Датум на рецензирање: 22.02.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

КРИТИЗИРАЊЕ

Од самиот почеток се открива политичката пристрансост. Посредникот во преговорите за спроведување на договореното во Пржино, во насловот од објавата и во првите пасуси, се декларира како турист, што е партиски став на ВМРО-ДПМНЕ. Брисел го нема повлечено Ванхауте од неговата функција, со што тврдењата дека тој е турист се неосновани.

Коментирањето е главна компонента од првата до последната реченица во текстот.

Питер Ванхауте, кој што дојде како медијатор, а продолжи како турист, не сопира со навредите врз македонскиот народ,  историјата, општеството, политичките неприлики за кои сесрдно се заложи да не се решат, напротив стори се за да влетаат во ќорсокак.

Кој го вели ова? За чиј став станува збор? Вреди да се нотира употребата на формулации кои претходно на јавноста ѝ беа презентирани во партиско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, Питер Ван Хауте од денеска е турист во земјава и може да му препорачаме да го посети Музејот на македонската револуционерна борба. (соопштение на ВМРО-ДПМНЕ)

Дополнително, написот што е предмет на оваа рецензија си зема слобода да говори во името на пошироката јавност, преку дискредитација на твитер-заедницата.

Неговите „мачки и кучки“ преку кои се обидува да го исмее целиот процес наидува на одобрување само кај мал дел од „твитер заедницата“ која ниту е репрезент на македонската јавност, ниту пак е реална слика за хуморот на Ванхауте.

 

НАГЛАСЕНА ПРИСТРАСНОСТ

Политичката пристрасност се согледува и во следниов дел од текстот:

На Ванхауте не му е прв пат да напаѓа по историјата, по политичката партија зад која стои мнозинството, нејзини директни претставници на преговорите.

Не се презентирани никакви докази дека посредникот има напаѓано претставници на партијата ниту, пак, ваквото тврдење е поддржано со сведоштва или изјави од претставници на ВМРО-ДПМНЕ или очевидци. Потоа следуваат уште неколку тврдења без докази и атрибуција на изворот на информации, па повторно јасен елемент на политичка пристрасност и показател за едностраноста на написот, во форма на лекција:

За позицијата на активен медијатор најмалку би требало да се врзуваат делувања кои би оделе во насока на навреди кон репрезенти од највисоките партиски органи на ВМРО- ДПМНЕ… 

Да потсетиме, во согласност со професионалните стандарди, не треба без изјави и докази да се носат заклучоци, барем не во објава од категоријата „вест“.

Инаку, во овој напис личната дискредитација на посредникот се спинува и кон јасен напад на опозицијата

Па, што ќе им е сектор за односи со јавност во македонската опозиција кога си го имаат Ванхауте. Ама од друга страна Ванхауте не може да биде олеснувач во преговорите.

ГЛУМЕЊЕ ЖРТВА

Следува низа неофицијални информации и уште еден спин видно насочен кон дискредитација на политички противници на партијата, за која веќе во овој текст јасно се навива:

Засилувањето на активностите на Ванхауте на социјалните мрежи почна по тајната средба која што Белгиецот ја имаше со претставници на СОРОС каде од него се бараше „да продолжи со притисокот“.

Нема докази за ваквото тврдење, а од публиката се очекува да прифати чаршиски муабет како доказ. Но, нападот не завршува тука:

Секако, да притиска да пропаднат преговорите, за да не се дојде до решение, за да може да продолжи кризата, да пропаднат опциите за предвремени избори на договорената дата, за да може ВМРО-ДПМНЕ да излезе „лошото момче“ во ситуацијата, за да се смени колку што е можно повеќе јавното мнение во корист на СДСМ.

Кон крајот на објавата, политичката пристрасност станува сè поочигледна. Ова е извадок од написот:

Ванхауте по неговите вербални испади и реакциите на ВМРО- ДПМНЕ барал прошка за да може да продолжи со медијаторството. Но, сето тоа се промени откако тоа од него беше директно побарано.

А, ова е дел од партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

За жал, веднаш по барањето да му биде простено, следеа нови испади и нови навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните. Поради овие причини, ВМРО-ДПМНЕ веќе нема да учествува на состаноци на кои што ќе присуствува и Питер Ванхауте.

Во основа, имаме напис кој преку коментари и спинови, фаворизирајќи политички субјект, се обидува да ја презентира ВМРО-ДПМНЕ како партија – жртва на странец кој, според неоснованите тврдења во текстот, го навредува македонскиот народ за доброто на опозицијата и на дел од невладиниот сектор. Непрофесионален текст кој целосно затаиле принципите на добрата новинарска практика.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести