verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарите не смеат да работат по директиви

on 29 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

dik 11

[Рецензија: Првиот човек на ДИК работи под директиви]

 

Прилогот ги заборавил основните новинарски правила. Тој е инспириран од говорот на најистурениот член на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, па веднаш откако Димовски имаше прес-конференција на која ја повика ДИК да одржи јавна седница, почнаа  прозивките за претседателот на ДИК.

„Три дена по повикот на ВМРО-ДПМНЕ да одржат јавна седница на која ќе присуствуваат по двајца членови од четирите политички партии за да утврдат каде се проблемите со прочистување на избирачкиот список,  првиот човек на ДИК Александар Чичаковски писмено соопшти дека вршат кадровско доекипирање.“

Написот заборава дека Државната изборна комисија е независно тело и самото одлучува за својата работа.

sitel1Линк на оригиналниот напис: Првиот човек на ДИК работи под директиви

Датум и време на објавување: 23.02.2016, 16:09

Датум на рецензирање: 26.02.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

БЕЗ НОВИНАРСКА ДИОПТРИЈА

Текстот е несодржаен и необјективен од почеток до крај. Правен е со идеја е да го дискредитира претседателот на ДИК и да ја стави под прашалник неговата професионалност.

Така, на пример, пренесено е соопштение од ДИК, ама тоа се коментира и притоа отворено се критикува шефот на ДИК.

„Како што стои во соопштението, на првиот глас не се пријавиле доволен број на информатичари и затоа делумно ќе го повторат процесот. Со образложението на Чичаковски дека немаат доволно вработени, за правни експерти ова е само алиби за да биде поткрепен ставот на опозициската СДСМ за одложување на изборите.

ДИК е должна да обезбеди техничка подршка и спроведување на избори од моментот на дознавање на одлуката за распуштање на Собранието…“

Правните експерти, пак, се спомнати без име и презиме и без други детали што би упатиле на тоа од кои аналитичари конкретно е побарано мислење. Со тоа, не им се дава можност на гледачите самите да проценат дали ќе им веруваат или не.

Од друга страна, текстот не консултира експерти што би објасниле дали и колку време има за прочистување на избирачкиот список, туку се потпира на прес-конференцијата на Илија Димовски и на говорот на членот на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров. При правењето на прилогот нивните изјави се земени како единствен репер, без никаква критичка дистанца. Резултатот е медиумска објава без новинарска дипоптрија, која наликува на материјал од партиско гласило.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести