verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Mанипулација со изјавите на олеснувачот

on 29 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Untitled vanhaute

[Рецензија: Остана сам: ЕУ се оградува од ставовите на Ван Хауте]

 

Текст конструиран на невистини, манипулации и на шпекулации. Написот изнесува низа непоткрепени обвинувања за Питер Ванхауте, белгискиот олеснувач во преговорите на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино.

Остана сам ЕУ се оградува од ставовите на Ван Хауте Press24Линк до оригиналниот напис: Остана сам: ЕУ се оградува од ставовите на Ван Хауте

Датум и време на објавување: 22.02.2016, 13:10

Датум на рецензирање: 27.02.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

КАДЕ СЕ „СРАМНИТЕ“ ИЗЈАВИ НА ВАНХАУТЕ?

Во написот се вели дека Мисијата на ЕУ во Скопје се оградила од посредникот откако тој имал серија срамни изјави на социјалните мрежи со кои директно ги навредил македонските граѓани. Но, иако овој напис го обвинува Ванхауте за срамни изјави, не е истакното кои се тие изјави кои, наводно, се срамни и зошто ги оценуваат како такви. Недостига цитат од „срамните“ изјави или објасување кој и зошто смета дека тие се недолични.

Во текстот стои дека белгискиот олеснувач Ванхауте ги провоцирал македонските граѓани, коментирајќи дека немаат европски принципи.

Всушност, ова е целосно извртување и манипулација на неговата изјава во која тој вели дека на Македонија ѝ треба нов закон за медиуми кој нема да биде копија на законодавството од друга земја (како што предложи ВМРО-ДПМНЕ).

„Не е добра идејата да се копира од европските земји и да се земаат закони од нив затоа што вие имате различен правен систем, друг устав, друг менталитет. Вашите медиуми не може да се споредуваат со медиумите во другите земји. Затоа, ве молам, обидете се да го искористите она што го имате и да го подобрите тоа.“ (Ванхауте)

Написот изнесува тврдење дека Питер Ванхауте за некои медиуми изјави дека ќе продолжи да ги води преговорите, иако ова тврдење никаде не може да се најде.

„Ванхауте за медиумите кои ги финансира Сорос денеска најавил дека ќе продолжи да ги води преговорите, иако не објаснил како мисли да го прави тоа ако се има предвид дека ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да присуствува на ниту еден преговарачки процес кој ќе го води овој филозоф.“

Во текстот нема цитат од изјавата што Ванхауте, наводно, ја дал за овие медиуми, ниту линк од текстовите на медиумите за кои белгискиот олеснувач најавил дека ќе продолжи да ги води преговорите помеѓу политичките партии.

Еден коректно сработен текст мора да ги почитува професионалните и етички принципи. Вистинското и објективно новинарство не смее да си дозволи извртување на изјави и нивна манипулација за да постигне негативно мислење кај јавноста за одредена личност.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести